Дудица 2016

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

П.С.Д „ ОРЛЕ ” од Кавадарци традиционално по повод верскиот празник Духовден, организира логорување во подножјето и искачување на врв Дудица 2150 м.н.в. на Кожуф планина.

Планинарска акција ќе се одржив во деновите 18 и 19 јуни 2016 (сабота и недела). Потребно е секој учесник кој ќе се пријави да си понесе соодветна опрема за логрување од што задолжително :
– шатор
– вреќа за спиење
– подметач
и друга останата опрема за кампување и логорување.

Организаторот ќе обезбеди теренско возило до самиот логор, и истото ќе служи за пренос на опремата и логистика.
Доколку учесникот сака опремата да му биде пренесена со возилото истото се наплаќа 100 ден.

Распоредот и програмата се следните :

18.06.2016 (сабота)

10:00 собирно место Одмаралиште Михајлово

10:30 тргнување кон логорот со лесна опрема (патеката е 4 часа пешачење или 12 км. за истата ќе биде поставена мапа.)

15:00 пристигнување и поставување на логорот и време за одмор

18:00 слободни активности, заедничко дружење во логорот

19.06.2016 (недела)

06.30 припреми и тргнување кон врвот

09:00 пристигнување на врвот (патеката е 2 часа пешачење или 4 км. за истата ќе биде поставена мапа.)

12:00 враќање во логорот, ручек и растурање на логорот

13:00 тргнување кон Михајлово по истата патека од предходниот ден.

Исхраната е од ранец, односно секој учесник треба да си ја обезбеди истата, како и превозот до Михајлово, и опремата за логорување.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија