БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ 2014 Беласица Врв ТУМБA

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

П.А.О.К. ЕНТУЗИЈАСТ – Струмица ќе организира по четиринаесети пат меѓународна традиционална планинарска средба БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ
на планината Беласица врвот ТУМБА 1881м.
Средбата ќе биде на ден 23 – 24 – 08.2014 г.(сабота-недела) на тромеѓето на планината Беласица врвот ТУМБА, каде ќе бидат присутни планинари-љубители на природата од Македонија,Бугарија и Грција.

САБОТА 23.08.2014 г.
1.Тргнување од селото Смоларе 10 часот кон планинарски дом Шарена Чешма 1300 м.
2.Посета на Смоларскиот водопад најголем во Македонија.
3.Пристигнување на Шарена чешма 13-14 часот.
4.Ручек од 14 до 15 часот обезбеден од организаторот.
5.Прошетка од 16 часот до 20 часот искачување до врвот СЕМИР КАЈАС 1877м. и местото ЃАВОЛСКИ МОСТ.
6.Спиење во шатори (секој да си понесе)

НЕДЕЛА 24.08.2014 г.
1.Тргнување од планинарскиот дом Ш.Чешма 06 часот,пристигнување на врвот Тумба 09 часот.
2.Средбата БАЛКАН БЕЗ ГРАНИЦИ од 09 до 12 часот.
3.Тргнување од тумба 12 часот кон Ш.Чешма.
4.Ручек од 15 до 16 часот обезбеден од организаторот.
5.Тргнување од Ш.Чешма 16 часот пристигнување 18 часот во Смолари.

Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствена психо физичка кондиција.Секој учесник може да си купи спомен мајица 150 ден.

Организаторот обезбедува ручек во сабота и недела посета на Смоларскиот водопад (секој учесник да си понесе шатор за спиење и прибор за јадење).Пријавување со име и презиме,матичен број,водич на група најкасно до 21.08.2014 г..Пријавите да бидат испратени на адреса ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ Струмица п.фах 76.Тел за контакт (070 535 688 Васко) (070 200 848 Коле) (077 984 499 Душко) (075 626 008 Дано)

П.А.О.К. ЕНТУЗИЈАСТ – Струмица

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија