Аранжман -3 дена 2 планини – Пирин и Рила

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

01:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Пирин планина врв Вихрен 2914 мнв заедно со Коњчето , Барски Суходол и Кутело 2907 мнв
Рила планина – 7 рилски езера

Тимот на I love Hiking – group Macedonia заедно со Туристическо Дружество Рилски Турист организира повеќе дневна планинарска акција и посета на овие 2 планини , искачување на врвови и уживање во природа. Цената за овој аранжман од 2 спиења и превоз изнесува 50 евра (3080 ден.) . Минимум 14 учесници.

Прв ден тргнување рано од Скопје, пристигнување во хижа Вихрен 1950 мнв. Сместување и рано тргање према врвот Вихрен 2914 мнв. Качуваме неполни 1000 мнв. Во зависност од групата патот се иде за 4 саати. После тоа се продложува преку коњчето за до вториот по висина врв Кутело 2907 мнв.Патеката во еден правец е долга 7,5 км , се враќаме по истата патека што значи првиот ден идеме 15 км.

Вториот ден утрото после добар одмор идеме до Сапарево каде би можеле да ја искориситме бањата, опција кој сака- 6 лв влез. Потоа со лифт се упатуваме до хижа 7 рилски езера. Лифтот кошта 10 лв само за нагоре.(секој сам си плаќа).Oд лифтот до планинарскиот дом 7 рилски езера се иде 1 саат,каде и се сместуваме.

Третиот ден идеме низ Рила планината во убава прошетка покрај езерата. Се пакуваме се спуштаме во Сапарево и назад кон Скопје.

Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце , Планинарски стапчиња, добро разгазени 3 сезонски чевли, јакна.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , суво овошје , жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити .
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Организација :
I Love Hikign – Group Macedonia
Водич:
Дејан Доневски и Борислав Вардаров

Резервации и плаќање најдоцна до четврток 16 јули, до 17:00 часот …. 071 212 808 Дејан.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија