Работилница „направи сам без отпад“

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Дали сакате да го намалите вашето негативно влијание врз животната средина, но не знаете како?
Дали сте пробале да живеете без отпад, но не знаете од каде да почнете?
Во партнерство со Социјален центар Дуња, сакаме да ви помогнеме во вашата транзиција кон „нула отпад”. Мали чекори, на долгиот пат кон живот без отпад.
Првиот дел од работилницата ќе биде како да направиме компост во домашни услови, ќе ви дадеме практични совети што треба да правите за да го намалите огромното влијание на органскиот отпад врз животната средина.
Дополнително, ќе разговараме за предизвиците на патот кон „нула отпад” живот и практични совети како да го намали конзумирањето во нашето секојдневние.
Во вториот дел од работилницата ќе работиме на изработка на столови за седење од стари автомобилски гуми и други материјали.

Што ќе научите од овој настан:

– Како да заштедите време и пари и како да купувате само тоа што ви треба
– Ќе се здобиете совети како да ги надминете секојдневните ситуации како „нула отпад” практичар
– Ќе научите како сами да си направи домашен компостер и да намалите до 40% од вашето домашно „ѓубре”
– За прв пат да се фатите за алат и да направите сами без отпад

Автор

Дејан

Скопје

Македонија