ПРИРОДНО – И ЗА МАМА И ЗА БЕБЕ

Датум на почеток:

05.08.2015

Време на почеток:

15:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Центарот за интегрална јога ДАРМА организира уште еден викенд „За најмалите и најмилите” но овој пат оди подлабоко и подетално. Станува збор за настан/работилница кој е наменет за бремените жени и за младите мајки – и оние кои уште дојат, но и оние чии детенца веќе се хранат.

Средбата ќе се случи на 8-ми мај, петок, со почеток во 17.30ч во просториите на Центарот за интегрална јога ДАРМА на ул.„Шарски одред” бр.7, во Капиштец, Скопје. Повеќе информации на 070/216-136.

Овој пат ЦИЈ ДАРМА во соработка со платформата Кален, Бебе Слинг, Сурово & Вкусно и претставниците на Dr. Hauschka и Welleda за Македонија организира 4-часовно дружење со стручни лица кои на учесничките на настанот ќе им ја доближат пренаталната јога, органската нега, живата храна, директниот контакт со бебето од првиот ден и суштинскиот однос на жената со себе во текот на бременоста и породувањето. Односно содржини кои го потенцираат природниот пристап и однос кон себе и бебето, како и кон сегментите од живеењето за кои денес најмногу се трудиме да бидат што е можно поздрави – менталната добросостојба, физичката активност, исхраната, негата и хигиената.

Освен разговори и препораки, идејата на настанот е на учесничките да им овозможи и да „пробаат”! Па така во настанот се вклучени час по пренатална јога со специјализирана програма за бремени жени, час јога за веќе породените мајки, специјалитети од живи состојки, конкретни совети за носење на бебетово различни видови марами, примероци од козметички препарати и совети во однос на изготвување на родилен план. Подетално околу самите теми ќе следи наскоро.

Друг начин на кој ќе се обидеме да им обезбедиме на учесничките директно искуство е наградната игра оrранизирана на крајот на настанот во рамки на која организаторите и предавачите ќе им доделат подароци на учесничките.

На настанот ќе учествуваат Даница Ивановска Лепојевиќ од Центарот за интегрална јога ДАРМА, дулата Маја Трајковска од платформата Кален, Биљана Кареска од Бебе Слинг, Ана Азгоур од Сурово & Вкусно и Емилија Продановска од Dr. Hauschka Македонија.

Цената на настанот е 500 денари за бремени жени (за 5 содржини) и 300 денари за мајки (за 3 содржини). Пријавувањето, како и подеталното информирање, можете да го направите на [email protected] или на 070/216-136.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија