Натпревар во спортско качување-болдер со маски

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

11:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Предновогодишен натпревар во спортско качување-болдер со маски !

Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар Борис Трајковски во болдер центарот БОЛДЕРМАНИЈА !

Натпреварување во две категории:

– Рекреативци
– Про

Ке се качуваат насоки со различна тежина за двете категории. Секој има неограничен број на обиди за искачување, секоја насока носи одреден број на поени, збирот од насоката се дели со оној број колку луге ја качиле, се евидентира во судискиот картон, победници се оние кои ќе соберат најголем број на поени.

Следи доделување и потоа хепенингот се сели во Кафе бар Простор кој се наоѓа на југозападниот агол на раскрсницата Рузвелотва со Орце Николов.

Следи избор на качувачка убавица ( ревијален) и потоа следи кратка мултимедијална презентација за СКК ВАРДАР, спортско качување во Македонија и календарот и програмата на истоимениот клуб за 2014.

Потоа журката продолжува додека се додека стои на нозе последниот херој 🙂

Рекреативци, качувачи, спортски ентузијасти, експериментирачи сите сте добредојдени да се натпреварувате на овој новогодишен натпревар.

Котизација -100 денари

Временска рамка

12’00-13’00 Ч. Пријавување на учесниците

13’10 Ч. Старт на натпреварот

15’40 Ч. Крај на натпреварот

16’10-17’00 Ч. Прогласување на резултатите и доделување на наградите

17’15 Ч. Групно фотографирање со маските

18’00-18’45 Ч. Собирање во локалот и избор на најубавата зимска качувачка

18’45-19’20 Ч. Прогласување на мис магнезиум 2013

19’00-20’10 Ч. Видео презентација и презентација на планот и календарот на СКК ВАРДАР

Ве очекуваме,

спортски поздрав,

СКК Вардар- Скопје

Автор

Дејан

Скопје

Македонија