Јога на Матка

Датум на почеток:

07.05.2015

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Како што ви ветивме, овој настан, кој не беше одржан поради лошите временски услови, го презакажуваме за 5 јули (недела).

Lux Integra – Coaching & Self Development ви нуди интересно доживување на Кањонот Матка.

Предвидени се 3 програми: јога, медитација и групни вежби и свесно набљудување на природата. Останатото време ќе шетаме, ќе се дружиме и ќе уживаме во позитивниот ден.

Весна ќе не води низ креативно вежбање на јога асани, техники на дишење и медитации од програмата на Power Yoga. Ќе се соочиме со основните предизвици на нашето физичко тело за да направиме увид за неговата флексибилност. Ова е одлична можност да се чувствуваме радосно и среќно во своето тело во текот на целиот ден.

Со Елена ќе медитираме во ритам со звуците на природата. Оваа медитација ќе ве поврзе длабоко со исцелителните енергии на Земјата и на целата Универзална Енергија, со вашето тело, емоциите, мислите и ќе се почувствувате длабоко интегрирани со себеси.

Маја ќе не прошета длабоко во самите себе. Преку различни групни вежби и свесно набљудување на природата околу нас, ќе допреме до внатрешната природа и ќе ја растопиме границата меѓу нив. Ние сме дел од природата и таа е дел од нас. Ќе се впуштиме во авантура. Ќе ја истражуваме нашата вродена способност да комуницираме со елементите, да сочувствуваме со Земјата, да ја следиме интуицијата и да се радуваме со птиците.

Учеството е БЕСПЛАТНО, а местата се ограничени

Организиран превоз: Скопје ~ Матка ~ Скопје – 300 денари. Доколку сакате, можете да си дојдете и во сопствена режија.

Поаѓање: 08 часот наутро; Враќање: 17 часот
Понесете си закуска и вода за себе и споделување. Деца се добредојдени.

Пријавување на [email protected] (Ве молиме да се пријавите доколку навистина имате намера да дојдете)

Во мејлот ве молиме да го напишете:
– Вашето име и презиме
– Колку луѓе пријавувате
– Вашиот телефонски број
– Организиран или сопствен превоз

Контакт телефон: 075/ 205 922

Се гледаме на Матка!
Lux Integra – Coaching & Self Development

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија