IFail – И Успешните Грешат
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
18:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Стив Џобс, Марк Зукерберг, Бил Гејтс, Елон Маск, Ричард Бренсон…многу ретко ќе најдете човек што нема слушнато за овие луѓе. Секој од нив е познат по своите супериорни вештини и компании, како и нивната посветеност која секојдневно ја насочуваат кон нивната пасија. Милиони луѓе сакаат да бидат на местото на овие луѓе. Но едно нешто што сите овие луѓе забораваат е дека и Стив, и Марк, и Елон, и сите останати, некогаш биле аматери. Почнале од нула. И за да стигнат таму каде што се денес, направиле многу грешки, но никогаш не се откажале.
Зошто ви го кажуваме ова? Затоа што и во Македонија има успешни луѓе кои направиле грешки за време на нивниот раст и развиток, но денес се успешни и влијателни во нивните индустрии. И со цел да ви доловиме што се случува “behind the scenes” во животите на ваквите луѓе, горди сме по четврти пат да ве поканиме на нашиот настан iFail, и да слушнете четири приказни кои се надеваме дека ќе ве инспираат.
Овој пат ве очекуваме во просториите на Кино Култура на 30.11.2017 (четврток) од 19:00 – 21:00 часот. Настанот е јавен и бесплатен.