Фестивал „Кокино – Тврдина на Сонцето“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ни претставува особена чест и задоволство да го најавиме целодневниот културен хепенинг КОКИНО – Тврдина на сонцето.
Локацијата на настанот е мегалитската опсерваторија Кокино, датата на одржување 21-ви АВГУСТ (недела).
Мноштво културни активности во подножјето на Кокино, долж обележаната патека/рута и во просторот на самата опсерваторија.

Програмските активности на настанот почнуваат во 17:00 часот кога ќе се одржуваат организирани, едукативни тури до опсерваторијата, работилници за филигран, керамика, компостирање, оригами, а паралелно со нив и предавање од областа на астрономијата.

Перформативните активности на настанот стартуваат со поетско читање, со кое се отвора главната сцена во 19:00 часот.
Нормално, по читањето продолжува музичка програма.., перформанси во живо – МУХАМЕД ИБРАИМИ, ФОЛТИН и КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ.
За затворање на настанот, вистинско уживање… набљудување на ѕвездите и кино под отворено небо. Избор на краткометражни филмски продукции за опуштено затворање на целодневната дружба.

Влезот за настанот е бесплатен, а за истиот е организиран и автобуски превоз од Скопје.

Билетите за организираниот автобуски превоз на релација Скопје – Кокино – Скопје чинат 200 денари.

За време на настанот ќе биде регулиран и пристапот до локацијата со автомобили, за што пак е обезбеден посебен паркинг простор, кој посетителите ќе ги чини 100 денари од возило.

Бидејќи специфичноста на локацијата наметнува посебни услови пред сѐ од безбедносен и еколошки аспект, апелираме до посетителите во што поголем број да го користат организираниот автобуски превоз. Доколку сепак се одлучите на настанот да дојдете со сопствено возило, поради строго ограничениот капацитет ве советуваме што поскоро да го осигурате билетот за пристап до паркингот на настанот.

Сите средства од продажбата на овие билети ќе бидат донирани за помош на загрозеното население од поплавените подрачја, а со цел да се соберат што повеќе средства, на локацијата каде што ќе се одржува фестивалот ќе има и пунктови за донации.

Билетите за возилата и за организираниот превоз се достапни во претпродажба преку продажната мрежа на МКтикетс: http://www.mktickets.mk/kokino

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ!
– Автобуски превоз Скопје – Кокино – Скопје: 200 денари.
– Поаѓање на автобусите од Скопје („Дрводекор”): недела (21.08.2016), 15:30 часот. Враќање на автобусите од Кокино: недела (21.08.2016), 23:59 часот.
– Билет за пристап со приватни возила до паркинг-зона на фестивалот: 100 денари (по возило).
– Поради специфичноста на локацијата и од безбедносни причини, пристапот со возила, како и билетите за организираниот превоз се достапни во СТРОГО ОГРАНИЧЕН БРОЈ.
– Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за помош на загрозеното население од поплавените подрачја.

ЦЕНА:
100 денари – Car Pass
200 денари – Автобуски превоз од Скопје

Продажни места:

Скопје
Југотон (ГТЦ 1 спрат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако Гоги – Драчево, Тобако Дрводекор, Тобако 2, Салоните на NEPTUN во Skopje City Mall, Арена Филип II, Аеродром.

Охрид
Њу Тобако

Куманово
Агора

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија