НЕ БИДИ ДЕВОЈКА, БИДИ АЛФА ДЕВОЈКА!

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

СЕМИНАР наменет за понежниот полl “НЕ БИДИ ДЕВОЈКА, БИДИ АЛФА ДЕВОЈКА”!!!

СЕМИНАРОТ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ПРИПАДНИЧКИ ОД ПОНЕЖНИОТ ПОЛ!!!

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ВО ТЕК – МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!!!

Семинар за боречки вештини наменет за понежниот пол
Организатор: Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ”
Водител на семинарот: Алексовски Ивица
– Председател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица;
– Основач на клубовите за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” кои бројат над 400 редовни членови во Македонија и надвор од Македонија;
– Носител на кафен појас во бразилска џиу џица (највисок појас во Р. Македонија);
– “Сениор Инструктор” во Џит Кун До и Кали (највисок инструкторски степен).
Помошници:
– Александра Јанкова – носител на син појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Мартина Петреска – носител на син појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Катерина Атанасоска – носител на син појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Марија Ристеска – носител на син појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Ирена Алемпиевиќ – носител на бел појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Надежда Василевска – носител на бел појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни и меѓународни турнири;
– Марија Заткоска – носител на бел појас во бразилска џиу џица и освојувач на повеќе медали на домашни турнири;
– Сања Митровска – носител на бел појас во бразилска џиу џица;

Локација: Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ”
Дата на одржување: 28.08.2016 година
Почеток: 11.00 часот
Траење на семинарот: 3 часа
Секој учесник ќе добие СЕРТИФИКАТ за учество

Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените. Еден од клучните проблеми во врска со борбата против семејнотото насилство е што мал дел од случаите на родово насилство во Македонија се пријавуваат, а жртвите на родово базирано насилство, како што истакнуваат невладините организации посветени на оваа проблематика, не ја добиваат соодветната заштита од институциите надлежни да ја овозможат таа заштита.
Според веродостојни извори во период од 6 месеци, во судовите во Македонија имало дури 80 судски предмети, односно 188 судски рочишта за насилство врз жените
Жените-жртви на насилство се повеќе се охрабруваат да го пријават малтретирањето. Во период од 6 месеци, во судовите во Македонија имало дури 80 судски предмети, односно 188 судски рочишта за насилство врз жените. Ова го покажува анализата на ЕСЕ и УСАИД направена врз основа на податоци за периодот од 2012 до 2014 година, како и наоди од шестмесечно набљудување на судски предмети за насилство врз жени (жртви на семејно насилство, трговија со луѓе и насилство врз сексуални работнички), како и наоди од првичната анализа.

Анализата покажува дека има зголемен број кривични пријави за насилство врз жени, за разлика од бројот на покренати обвиненија. Најчест вид насилство е физичкото насилство. Во периодот од 6 месеци, четири насилства завршиле со убиство, пет со тешки телесни повреди и 20 со лесни телесни повреди, а 15 луѓе пријавиле психичко малтретирање.

Поради горенаведните причини Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & Рутс БЏЏ” организира 3 – часовен семинар на техники од самоодбрана специјално наменети за одбивање на напад од посилен противник односно техники наменети за понежниот пол.

Семинарот ќе биде поделен во 3 дела и тоа:

Прв дел

Вовед и запознавање на учесниците со стресната состојба при реален напад;

Во овој дел ќе имаме стручно лице од Министерството за Внатрешни Работи од делот на Насилниот Криминал каде што подетално ќе ги обајсни своите видување и искуства од делот на насилниот криминал, особено случаите во кој тој бил вклучен, а се во делот на насилство врз жените.
Истотака овој дел е планиран да биде интерактивен со поставувања на прашања за стручното лице од Министерството за Внатрешни Работи.

Втор дел

Одбивање на непосреден напад во стоечка позиција;
Одбивање на непосреден напад во легната позиција (под);

Во вториот дел учесниците ќе се запознаат со повеќе видови на напад во стоечка позиција.
Како статистички најчест напад во почетокот ќе се увежбува одбивање на напад од позади:
– фат околу вратот;
– фат за коса;
– фат под рацете;
– фат преку рацете.

Потоа учесниците ќе се запознат со техники потребни за одбивање на напад кога сме на под односно напаѓачот ја бутнал жртвата на под, а во овој дел ќе се увежбаат техники кога:
– напаѓачот сака да ја удира жртвата со рачни удари (боксови);
– напаѓачот сака да ја силува жртвата;
– напаѓачот сака да ја ограби жртвата.

Трет дел

Одбивање на непосреден напад со помош на имобилизатор;

Одбрана од напаѓач со помош на имобилизатор – помошно средство (ташна, клучеви, чадор, стап итн…). Запознавање на учесниците како се изведуват ударите со имобилизаторот, каде се удира (на кој дел од телото) за да се одбие нападот, а да не се усмрти напаѓачот итн…

Напад од повеќе напаѓачи;

Запознавање со тактиката при борба со повеќе напаѓачи и употреба на техники за борба со повеќе напаѓачи.
Во овој дел ќе се изведат повеќе динамички вежби со промена на напаѓачите и жртвите.

Одбрана од еден напаѓач, а се бранат две жени – кога еден напаѓач напаѓа две жени со цел од едната да одземе нешто или едната да ја нападне со цел физички да ја повреди.

Многу често имаме ситуации каде што имаме еден напаѓач, една жртва, но жртвата е во друштво со уште една жена, па во овој дел ќе се запознаеме со совладување на напаѓачот и примена техники каде што две жени се справуваат со еден насилник.

Завршен дел

На крајот од семинарот предвидено е да се направи вежба каде што еден пар ќе демонстрира дел од техниките пред останатите учесници.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија