Чи Гонг за почетници Бесплатни промотивни часови

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

НОВО во ЕЦ СОНЦЕ – Чи Гонг за почетници

Бесплатни промотивни часови!!!
Понеделник, Среда и Петок (23.01-25.01-27.01.2017)
18:00-19:00
Задолжително пријавување еден ден пред терминот поради ограничениот број на тел. 071 935 208 или 2 2455 041.

Терминот Чи Гонг (во буквален превод – култивација на животната енергија) се однесува на системи од вежби кои се засновани на принципите на традиционалната кинеска медицина и се користат за рекреативни, медитативни, превентивни или медицински цели. Овие вежби се состојат од бавни и флуидни движења кои се изведуваат во координација со дишењето. Поради својата комплексна природа, Чи Гонг вежбите ја јакнат врската меѓу двете мозочни хемисфери.

Со редовна пракса може да се очекуваат повеќе придобивки:
– На телесно ниво, зголемување на капацитетот на белите дробови, подобрена циркулација, зголемена флексибилност и рамнотежа, ослободување од токсини, масажа на внатрешните органи, како и зајакнување на имунитетот и превенција од болести.
– На ментално ниво, зголемена концентрација и способност за фокусирање, подобрување на меморијата, градење резилиентност и самодоверба, зголемување на телесната свесност, живеење во сегашниот миг, ослободување од анксиозност и стрес.
– На духовно ниво, стапување во контакт со себеси и враќање кон својата автентична, природна состојба.

Поради својата моќ и регенерирачки ефекти, овие вежби се нарекуваат и Еликсир на младоста 🙂

За време на изведување на вежбите, се препорачува да се носи широка обека и вода за рехидрација на организмот.

Секој поединичен час се состои од задолжително загревање, истегнување, вежби за координација и зголемување на рамнотежата, вежби за дишење и кратка медитација.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија