Wizz Air Skopje Marathon 2016

Датум на почеток:

05.08.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Една од најпопуларните и најпознатите, а воедно и без конкуренција најмасовната спортска манифестација во нашата држава, Виз Ер Скопски маратон, го отвори пријавувањето за 12-то издание кое ќе се случи на 8-ми мај 2016-та година, во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

На програмата се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.

Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година во некои од следните три изданија на Виз Ер Скопскиот маратон (2016, 2017 или 2018). Како може да се искористи оваа бесплатна котизација ќе најдете на следниов линк
http://skopskimaraton.com.mk/kupon

Регистрацијата за трката е бесплатна, а дополнително при процесот на регистрацијата може да си ја купите dry-fit маицата со логото на маратонот во износ од 400 денари.

Цени за регистрација за маратон и полумаратон:
– до 31 јануари 2016 / 800 ден.
– до 8 април 2016 / 950 ден.
– до 29 април 2016 (или додека не се пополнат предвидените места) / 1100 ден.

Цени за регистрација за штафетен маратон (4 х 10,5 км):
– до 31 јануари 2016 / 2800 ден.
– до 8 април 2016 / 3200 ден.
– до 29 април 2016 (или додека не се пополнат предвидените места) / 3600 ден.

Цени за регистрација за трката на 5км:
– до 31 јануари 2016 / 300 ден.
– до 8 април 2016 / 350 ден.
– до 29 април 2016 (или додека не се пополнат предвидените места) / 400 ден.

За повеќе информации околу содржината на стартните пакети и начинот на пријавување, кое оваа година ќе се одвива преку нашиот партнер Smart Race Club, на следниве линкови
http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/
http://skopskimaraton.com.mk/en/register/

Подигањето на стартните пакети ќе биде на Маратон Експо на Скопски Саем на 6 и 7 мај.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија