Трк со брк – хуманитарната трка од забавен карактер

Датум на почеток:

11.05.2016

Време на почеток:

11:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Највозбудливата хумана трка во центарот на Скопје 

После Амстердам, Берлин, Лондон, Париз, Њујорк дојде време и за Скопје.

За прв пат оваа година во организација на Foxyman ќе се оддржи ТРК СО БРК во центарот на нашиот град.

Во светот 11-та година по ред се организира Моември, месец во кој мажите со подршка на своите девојки и жени на еден интересен и оригинален начин ја подигаат свеста за подобрување на здравјето кај мажите. 

Затоа овој ноември и кај нас, трка посветена на здравјето на мажите.

Што е ТРК СО БРК?

ТРК СО БРК е трка во која маскирани учесници, мажи, жени и деца со мустаќи, вистински или нацртани, ќе имаат за цел да собираат поени преку трчање и играње на забавни улични игри низ центарот на Скопје. Трката ќе трае 60 минути, а за тоа време Вие треба да ја направите најдобрата стратегија и да дадете се од себе да соберете што повеќе поени.

Каде и кога?

Собирно место е Сквер Јадран во Скопје во Сабота, 5ти Ноември во 12 часот. После тоа се распространуваме, трчаме и играме игри на локации од Рекорд до Стара чаршија. 

Агенда 

-12:00 подготовки за трката

14:00 старт на трката

-15:00 крај на трката

-15:30 прогласување на победниците

-16:00 музичка програма

Како да се пријавите?

Купете си ваучер на продажните места на TicketPlus или онлајн на следниот линк  http://www.ticketplus.mk/SingleEvent/Index/216 .

За првите 100 (сто) пријавени цената е 200 денари, а за останатите по 300 ден. 

Откога ќе се пријавите ќе добиете официјален маил со реден број за учество и сите дополнителни информации.

Ќе трчаме, ќе се забавуваме и на оригинален начин ќе ја подигнеме свеста за подобрување на здравјето кај мажите. Без нашите друрари, браќа, татковци, и мажи не можеме ништо, а со нив заедно можеме многу.

На 5 ноември во 12 часот сите Вие од 7 до 77 години, бидете на Сквер Јадран на највозбудливата трка во градот!!!

За сите дополнителни информации и прашања за трката посетете ја нивната веб страна http://www.foxyman.com/mk/trk-so-brk/ или на Facebook страната https://www.facebook.com/trksobrk/

Бидете и Вие дел од ТРК СО БРК!. Пријавете се!

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија