Трчаме за Зоран Димов – Прилеп

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги пријтели, на ден 26.12.2015 година (сабота) со почеток во 10 часот, од месноста „кај Слонот” (Маркови кули), Прилеп, ќе се одржи хуманитарно трчање за собирање фининсиски средства за нашиот пријател Зоран Димов. Го организираме овој настан за да излеземе во пресрет на овој голем човек и спортист кој пред неколку години имаше тешка сообраќајна несреќа при што се здоби со тешки скршеници на двете нозе. Оттогаш тој имаше серија на операции и е во постојан процес на опоравување кои него и неговото семејство го доведуваат во тешка финансиска ситуација.

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе може да учествува секој кој сака да помогне, без разлика колкав дел од рутата ќе сака и може да истрча. Рутата е веќе дефинирана и ќе се трча по комбиниран терен (планински и асфалтен), а истата ќе се движи од Слонот, до карпата Наковална по планинарската патека за манастирот Трескавец, па потоа спуст до патот за с.Дабница, оттаму преку месноста Кукул до прилепското вештачко езеро, и потоа по асфалтниот пат до центарот на Прилеп (визуелното трасирање на патеката го имате на четири фотографии кои се објавени подолу).

Трчањето ќе биде во група која ќе трча во комфорно темпо, опуштено и без брзање – битна е дружбата и хуманитарниот карактер на настанот.

Старт на трката- 10:00 часот, кај Слонот.
Стартнина – 200денари (ако некој сака да донира и повеќе, нормално, нема да биде никаков проблем, а парите ќе ги собереме на лице место на стартот и потоа ќе бидат уплатени на жиро сметка).

За сите оние кои не се во можност да дојдат, средства можат да се донираат и на следнава сметка:

Жиро сметка-200002938557568 Стопанска банка – Зоран Димов
(при уплатата наведете шифра 562 -уплата по донации)

П.С. Доколку на некого оваа рута му е напорна и долга, може да се договориме да има повеќе групи кои би трчале на различни делници – евентуално некој до Наковална и назад, или од центар на Прилеп до езеро и да се споиме како групи за назад да трчаме заедно, или пак трчање во поурбани услови, на Паркот на револуцијата (ова дополнително, ако некој тука пиши и изрази желба, ќе го дефинираме по потреба).

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија