Охрид трчаТ

Датум на почеток:

06.04.2017

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Охрид трчаТ викенд претставува спортски промотивен настан при што главна цел ни е да направиме спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот.

Охрид трчаТ викенд ќе се оддржува на неколку локации и во него ќе бидат вклучени неколку трки од професионален и рекреативен карактер, при тоа задоволувајќи го апетитот на повеќе социјални групи и тоа: професионални атлетичари, децата од училиштата, децата од градинките, родители, рекреативци и лица со попречености.

Главните трки кои ќе се одржат на 4-ти јуни 2017 година се:
Градска трка 10.000 метри
Рекреативна трка 5.000 метри
Тим билдинг трка 5.000 метри
Во рамките на трката на 5.000 метри се организира и Тим билдинг натпревар. Секој натпреварувач се пријавува индивидуално, а притоа го избира тимот за кој што сака да настапи. Во секој од тимовите треба да има најмалку 4 учесници, а вкупниот број натпреварувачи од тимот е неограничен. При рангирањето ќе се пресметаат најдобрите 4 постигнати времиња од секој тим.

За трката на 10Км, наградниот фонд изнесува 200 евра за прво, 150 евра за второ и 100 евра за трето место во машка и женска конкуренција.

Пријави се и биди дел од Охрид трчаТ!

ПРИЈАВУВАЊЕ НА: www.smartrace.club

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија