Индивидуален четворобој

Датум на почеток:

03.07.2015

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

После долго отсуство повеќебојот го враќаме на атлетската сцена во Македонија, односно сега засега со 4-бој.
Еден натпреварувач настапува во 4 дисциплини:
Скок од место, 60м, фрлање ѓуле, 800м.
Застапени се следниве категории: сениори, пионери и рекреативци.
Во сите категории ќе има натпревар во машка и женска конкуренција.

За одредување на победникот ќе ги користиме едноставните правила исти какви што беа на атлетскиот митинг 11 Октомври, односно принципот на бодување според пласман. Кое освоено место во дисциплина толку поени добива натпеварувачот.
Кој има најмалку вкупно поени на крај тој е победник.
Пример еден натпреварувач има 3 први места и едно второ место ,значи 3х1 +2 = 5 поени.
Друг натпреварувач има 2 втори места , едно прво и едно 5 , значи 2х2 +1+5 = 10 поени.
Победник е се разбира оној со 5 поени.
Во случај на изедначени поени оној натпреварувач што има повисок најслаб пласман во една дисциплина е победник. Пример во случај на изедначени поени , двајцата да речеме имаат по 10 поени, а најслабиот пласман на едниот во индивидуална дисциплина е 4 место, а на другиот е 5 место, победник е оној со појак пласман одосно 4 место.
Ако во случај и наслабиот пласман на двајцата да е ист, тогаш победник е оној со подобар пласман на 800м.

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија