Наслов

19-ти Шри Чинмој Маратон на Себе-Надминување 2017
Локација: 
Градски Парк, Скопје
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 15 Октомври, 2017 - 09:00

Контакт

Име и презиме: 
Тони Коцевски

Традиционалниот, 19ти Шри Чинмој Маратон на Себе-Надминување ќе се одржи на 15-ти Октомври со почеток во 9 часот, во Градскиот Парк во Скопје. Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим - Скопје. 


Трки

Маратон - 42.195 м

Полумаратон - 21.097 м

Опис на патеката и настанот

Стартот на трката е во Градскиот Парк, во близина на Луна Парк. 
Патеката е кружна со должина од 1750 метри и се трчаат 12 круга (Полумаратон) и 24 круга (Маратон). 

Мерењето на времето е електронски, со чипови. 
Патеката е сертифицирана. Со тоа се обезбедени условите за официјално признавање на постигнатите резултати. 

Ќе се прогласуваат победници во апсолутна категорија, како и во категории по возраст за прво, второ и трето место. 
За сите финишери на маратонот и полумаратонот следува медал и диплома, а за победниците за 1во, 2ро и 3то место следуваат пехар, медал и диплома. 

Резултатите и фотографии од настанот, ќе бидат објавени веднаш по одржување на Маратонот на Себенадминување, на страницата на организаторот, www.maraton.mk 

Освежување

За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето добиваат ланч пакет.

Стартни пакети

Стартните пакети ќе се подигнуваат во продавницата за спортска опрема Outdoor, лоцирана во центарот на Скопје, на ул. Македонија, (кај споменикот на Мајка Тереза), во следните термини:

Петок, 13.10.2017, од 09:00 до 20:00 часот

Сабота, 14.10.2017, од 10:00 до 17:00 часот

Пакетите може да се подигнат и на денот на трката, Недела, 15.10.2017, во близина на стартот, од 07:00 до 08:00 часот.

Временски лимит

Временски лимит на маратонската трка e 6 часа.

Пријавување и Котизација

Пријавувањето се врши на страницата www.smartrace.club

Првиот бран на пријавување завршува на 02.10.2017 (Понеделник) во 23:59 часот. Котизација за двете трки за првиот бран изнесува 650 ден. Во цената е вклучена и маичка, со лого и мото на трката. 
Цената на котизацијата за двете трки за периодот од 03.10. до 09.10.2017 изнесува 450 денари, без маичка. 
Регистрацијата завршува на 10.10.2017 во 23:59 часот.

Јас не се натпреварувам со остатокот од светот. Јас се натпреварувам само со себе,

Бидејќи мојот напредок е мојата вистинска победа.

- Шри Чинмој

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
2
 
 
4
 
5
 
 
7
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
19
 
20
 
 
 
 
 
 
 
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 
 

На Facebook