Втора Хуманитарна СОС Велосипедска Тура

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

22:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Здраво! Јас сум Љупчо.
Изминатиот април, го кажав најгласното БЛАГОДАРАМ на Балканот, благодарение на добрите луѓе како вас.
Мојот пријател Даниел и јас на велосипед поминавме над 1500 километри низ шест балкански држави. Возевме по сончево и дождливо време, во магла, па дури и снежно невреме. Беше тешко, а силата ја црпевме од преголемата желба да ги споделиме нашите приказни за растењето во СОС Детско село и да ги инспирираме луѓето да им помогнат на децата.
Сега сакам да го направиме oва повторно! Заедно!
На 31 мај оваа година, Даниел и јас ќе ја претвориме СОС Велосипедската тура во традиција, со цел да ја прошириме надвор од Балканот.
Ќе појдеме од Софија, Бугарија, а ќе завршиме во Имст, Австрија. Тоа е местото каде што пред повеќе од шеесет години е изградено првото СОС Детското село. Таму се роди идејата,која нам и на уште илјадници деца и млади низ целиот свет, ни даде семејството и топол дом.
Ве молиме да не поддржите во овој наш предизвик!
Помогнете ни да рашириме љубов и топлина!
Ви благодарам!
Љупчо Крстев

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија