Велес 2014 off-road велосипедска тура

Датум на почеток:

10.11.2014

Време на почеток:

08:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Велосипедскиот настан „Велес 2014 off-road велосипедска тура” е еднодневен вело-настан што ќе се одржи во Велес и околината на Велес во сабота, 11 октомври 2014 година. Настанот вклучува две патеки,off-road велосипедска тура, асфалтна тура околу Велес и учество на познатата Велешка Питијада – 2014 со дегустација на Велешка пита Пастрмајлија и Македонски вина.

Стартот ќе биде кај гимназијата „Кочо Рацин” каде што и се одржува питијадата со однапред планирана патека кој опфаќа неколу Велешки села, како и возење покрај реката Вардар по исклучително интересен предел. Крајот на патеката е предвиден во 14 часот, исто така на местото на одржувањето на Питијадата, со заедничка дегустација на пита пастрмајлија.

Да напоменеме дека истиот ден на питијадата има многубројна квалитетна културно-музичка програма.

Стартот на сите спортски активности е предвиден за 10:00 часот во сабота. Off-road велосипедската тура е во должина од 35 км од која 5,6 км е асфалт и е релативно лесна за возење, а асфалтната тура е во должина од 32.6 km кој исто така е првенстено наменета за лица со помала физичка активност.

OFF Road патеката е на следниов линк http://ridewithgps.com/routes/6048992

Асфалтната патека е на следниов линк
http://ridewithgps.com/routes/6048908

Асфалтната патека е во должина од 32.6 km +289 m, релативна лесна за возење и е погодна и за рекреативни љубители на велосипедите

Организацијата на оваа off-road велосипедска тура е на група љубители на велосипедизмот – ВЕЛЕС БАЈКИНГ, Општина Велес, односно организаторскиот дел на овогодинешната Питијада 2014, здружението на граѓани “Велес ФЕСТ” и Д.П.С. СКИ-КАРАВАН Велес.
Сите учесници учествуваат на сопствен ризик.
Со стартување учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе ниту кон другите учесници.

Организаторот го задржува правото за измена на рутата и времето во кое било време и истите ќе бидат објавени за време на стартот на натпреварувањето.

Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател

Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед.

Котизација за учество на настанот е 350 денари за пријави до 01.10.2014 (недела ) до 15:00h. Во цената е вклучено, маичка со амблем од настанот, вода, енергетски напиток, ПИТА ПАСТРМАЈЛИЈА и дегустација на Македонско вино, како и кафе или чај по избор на учесникот на целта и многу други додатоци
Пријавените учесници по дадениот термин нема да добијат маички од технички причини ( временски период за печатење на истите)
Сите заинтересирани своето присуство го потврдуваат со уплатница на следниве жиро с-ки, како и електронска пријава на линкот подоле

Назив на примачот: ЗГРКС Велес Фест – Велес
Седиште на примачот: Архиепископ Михаил 5 Велес
Трансакциона с-ка на примачот: 210068332090163 НЛБ Тутунска Банка Скопје

Назив на примачот: Д.П.С.СКИ-КАРАВАН – Велес
Седиште на примачот: Енгелсова 1 Велес
Трансакциона с-ка на примачот: 200002008980669 Стопанска банка АД Скопје

Електронска пријава за настанот: http://bit.do/prijava-veles-tour

Линк до мапа од off-road рутата: http://ridewithgps.com/routes/6048992

За подетални инфомрации јавете се на следниве телефони

Зоран Јаневски +389 76 376 040;+389 76 482 400 [email protected]
Никола Солев +389 76 268 489 [email protected]
Сашко Тодоров +389 75 622 623 [email protected]

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија