СИТЕ ПРАВЦИ ВОДАТ КОН МИРАВЦИ

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Југоистокот на Македонија е крај преполн со топлина од сончевите зраци, дружељубивоста и пријателството на луѓето, средоземноморската (медитеранска) клима, изобилството на највкусните плодови, преполн со загадочни древности од дамнината и антиката чии траги се сѐ уште присутни во секојдневието на денешнината….. Токму затоа настанала и поговорката: „Сите правци водат кон Миравци”!

Овој трет викенд на бесплатен железнички превоз за млади до 27, МАКЕДОНИРАЈ со нас во МИРАВЦИ! Ќе шетаме, истражуваме и уживаме во подножјето на Кожуф, на прочуеното излетничко место БЕЛ РАЈ на кое се одржуваат многу младински журки, ќе истражиме за народниот обичај „Џура Мара” и многу други знаменитости на Миравци и Гевгелиско.

Заминуваме од Скопје со возот во 06:20, а се враќаме назад со возот од 17:21 (во Скопје сме во 19:36). Целата прошетка е БЕСПЛАТНА, вклучува напитоци и мезе кои ние ќе ги обезбедиме, а доколку дозволуваат временските услови ќе има можност за КАПЕЊЕ/БАЊАЊЕ во вировите на Стара Река на Бел Рај! Секој кој сака и е во можност ќе може да остави доброволен прилог за акцијата „ВЕЛОДАРНОСТ” за помош на загрозените многудетни семејства!

#МАКЕДОНИРАЈ! Уживај во МАКЕДОНИЈА!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија