Работилница за градски велосипедизам „Зошто точак?“ – Ралф Ван Дер Зејден

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Амбасадата на Кралството Холандија, НаТочак и ЕУ Инфо Центар ве покануваат на Работилница за градски велосипедизам на 30-ти октомври, четврток, од 10:00 до 12:00 во ЕУ Инфо Центарот.

Програма на настанот:

1.Воведно предавање за градски велосипедизам – Ралф Ван Дер Зејден, директор на “I Bike Belgrad” и поранешен советник во Општина Хаг.

Темата на предавањето ќе биде “Why bike?” или „Зошто точак?” и ќе ги обработи следните поттеми:
-Возење велосипед во Холандија (краток преглед со податоци околу велосипедизмот во Холандија и опис на нормален велосипедски ден)
-Возење велосипед во Белград (каква е ситуацијата и што е направено за нејзино подобрување)
-Возење велосипед во други градови од Југоисточна Европа (некои добри и лоши примери)
-Причини да се сфати возењето велосипед сериозно
-Како да се подобрат градовите?
Последната тема ќе отвори простор за дискусија во вториот дел.

2.Дискусија на тема: предности и предизвици на градскиот велосипедизам во Град Скопје. Како да се подобри градот Скопје?

Во дискусијата ќе може да се вклучат сите присутни.
Ќе биде обезбеден симултан превод од англиски на македонски јазик, како и кафе и чај за време на паузата.

Поканети се претставници од сите општини во Град Скопје и Град Скопје, Републички совет за безбедност во сообраќајот, ЈП Улици и патишта, Агенција за млади и спорт, Велосипедска Федерација на Македонија, преставници од еко-здруженија, невладини организации, претставници од иницијативите „на точак” од другите градови.

Поканети сте и сите точакољупци!
Работилницата е отворена. Повелете, се разбира #НаТочак!
————————
ЕУ Инфо Центарот се наоѓа на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин 52в, 1000 Скопје (локација на линкот: http://goo.gl/M475lN) Држачи за велосипеди има поставено во задниот двор на објектот (не кон улицата). Доколку нема доволно места за сите велосипеди на држачите, домаќинот се обврза да го ангажира обезбедувањето за надгледување на велосипедите. Во таков случај, доволно е да ги врзете велосипедите едни за други.

Се гледаме во четврток.
————————
Блог пост за настанот: http://natochak.blogspot.com/2014/10/blog-post_57.html

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија