Успех наречен соларен лет околу светот

Летот завршен, историјата за прв пат може да се пофали дека авион без гориво ја прелетал целата планета, a сите ние кои живееме во сегашново време да сфатиме колку ни е моќно сонцето ако го користиме.

Историско патешествие на двајца швајцарски пилоти, Бертранд Пикард и Андре Боршберг слета во Абу Даби. Поминаа 505 дена во авантури, промовирања, анализи, и многу предизвици кои доаѓаат со соларен авион кој е опремен само со најосновните работи за да биде што полесен во летањето. По пат срушија и 19 други рекорди.

Нема греење, нема клима, нема спиење, само дремки од 20тина минути, дури и при летања кои траат по неколку дена. Авантура која служи да му покаже и докаже на светот што се е возможно со технологијата која ја имаме. Без гориво да леташ 43000 километри.

Во подолното видео, Бертранд се навраќа на неговите почетоци и целите 17 години потребни за овој успех

Идеата е родена кај Бертранд Пикард кој сонувал за лет околу светот со соларен авион уште од 1999, кога со балон успеал да ја прелета цела планета.

Оттогаш па до 2009 ги „местел коцките” за да дојде до Солар Импулс 1, прототипот на соларниот авион со кој се потврдило дека технологијата е спремна за лет околу светот.

Во 2014 успеале да го завршат Солар Импулс 2. Подготовките траеле до 9ти март 2015. Од тогаш па до сега, тимот леташе од држава во држава промовирајќи ја соларната технологија и огромните можности кои доаѓаат со неа. Авионот помина повеќе од 23 цели денови во воздух, а на 26.07 во 4 часот наутро по локално време тој слета во Абу Даби.

 

Трасата што ја измина Солар Импулс 2 

Споредба на Солар Импулс 2 со комерцијален Боинг 747