Е сега Македонија ја сака Вики

Откако во една наша претходна статија беше назначен убавиот фото-натпревар на Википедија, ред дојде и да се наградат најдобрите, а богами и да се ѕирнат делата од македонските убавини фотографирани од наши локални фотографи. 

Само кратко инфо околу натпреварот. Идејата беше да се соберат што повеќе слики од спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија за сите тие подоцна да влезат под слободна лиценца за користење во заедничката ризница Викимедија, односно да се искористат за илустрирање на соодветните подрачја. 

Чисто да си знаете, наши фотки се пратени 10243 што е најмногу по глава на жител од сите други земји каде се одржува ист ваков натпревар. 

Победниците беа класифицирани во две групи, „Квалитет” и „Бројност”. Во категорија Квалитет беа доделени први две места и три трети места. 

Одиме:

Прво место

Ohridsko ezero i oblaci 2014“ од Darkocvсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

Второ место 

D06 Golem Kozjak Lake in Winter 2“ од Bogoevskiсопствено дело. Под лиценцата CC BY 3.0 преку Ризницата.

Прво трето место

Prespa Lake 2015“ од Ivan.trpkovсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

Второ трето место

Nikola Shishevski Matka“ од Gadjowskyсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

Трето трето место 

Гасеница од Papilio machaon“ од Tashkoskimсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

И уште неколку бонус

Во шумата на Баба 2015“ од Darkocvсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

Korab 02“ од Don macedoneсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 3.0 преку Ризницата.

Pogled kon Golemo ezero Pelsiter“ од Ptahhotepсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 4.0 преку Ризницата.

SkiLines“ од Ptahhotepсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 4.0 преку Ризницата.

Радожда, Охридско Езеро“ од Anita.Palceskaсопствено дело. Под лиценцата CC BY-SA 4.0 преку Ризницата.

Линк за останатите добитници во категорија „Бројност”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија