MK Aleksandar

Македонија, Скопје

Инфо

Мото клубот Александар е основан во 2009 година од вљубеници на мотоциклизмот со долгогодишно искуство. Во моментов МК Александар има триесетина членови од кои: 8 натпреварувачи, 8 спортски функционери со МФМ лиценца од ранг А, а 5 имаат меѓународни лиценци за оф роуд натпревари издадени од светската мотоциклистичка федерација ФИМ и европската мото унија ФИМ - Европа. Од 2009 година до сега, МК Александар се вклучи и во повеќе активности за популаризација на оф роудот на национален и меѓународен план: • Балкан оф роуд маратон (7 денови, 2.500 километри низ Албанија, Грција, Бугарија и Македонија), • БМУ Европски шампионат во ендуро (2 денови, 300 километри)• Х-рели Македонија (3 денови, 800 километри) • Оф роуд шоу Скопје (1 ден, 100 километри) • Ендуро Шар планина (2 денови, 300 километри) • Ендуро Куп на нации - Пелистер (2 денови, 300 километри) • Ендуро Лазарополе (2 денови, 200 километри) Покрај тоа, посебно внимание членовите на МК Александар посветуваат и на следните активности: • Заштита на животната средина • Едукација на спортисти и официјални лица • Промоција на жените во спортот • Едукација на млади и талентирани спортисти и др. • Безбедност во сообраќај и на спортските натпревари Во 2011 година МК Александар беше номиниран од страна на Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ), во потесен избор од 5 кандидати за престижната награда на светско ниво за активности во заштитата на животната средина во мотоциклизмот. Номинацијата беше за реализација на проектот „Зелено возење – Македонија“, во чии рамки во текот на 2010 и 2011 година беа реализирани повеќе активности за заштита на животната средина за време на мотоциклистичките натпревари и манифестации во Македонија. Кампањата беше одлично прифатена и доби поддршка од многу мото клубови и мотоциклисти, што беше мотив повеќе МК Александар да продолжи и во иднина со активности на ова поле.

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

7' Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле, Попова Шапка 18.02.2018

ШАПКА ПОВТОРНО ВО ПОЛН СЈАЈ – РЕКОРДЕН БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ!!!

На падините на Шар Планина изминатиот викенд се одржа традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2018" во организација на Пријателите на Стеве, МК Александар и СК Полар со рекорден број од 183...