Plivacki i Vaterpolo klub "ORION" - Skopje

Македонија, Скопје

Инфо

Пливачкиот и ватерполо клуб "ОРИОН" - Скопје е формиран 2006 година и како членка на Пливачката федерација на Македонија активно работи со повеќе од 150 членови. ПВК “ОРИОН“ има квалификуван персонал - тренери и спортисти, професионалци од областа на пливањето и ватерполото и професионални соработници со огромно искуство на национално и меѓународно ниво.Настојуваме да ги создадеме најдобрите услови за ефикасна и успешна програма за совладување на основните вештини во пливањето, развој на здрави навики и спортски дух кај најмладите. Во изминатите години успеавме да создадеме државни прваци во повеќе дисциплини и категории кои редовно учествуваат на домашни и меѓународни натпревари. Воспоставивме програма за обука и активна рекреација на возрасни и посебна програма за работа со лица со посебни потреби. Нашите цели се: - Омасување на водените спортови, посебно на пливањето и ватерполото. - Воведување на децата во основите на пливањето преку забава, игра и пријателство. - Подигање на свеста за здрав живот, спорт и активна рекреација. - Создавање и инвестирање во младите спортисти, кои во иднина ќе бидат дел од Македонската пливачка и ватерполо репрезентација . ПВК “ОРИОН“ реализира: - пливачка школа (обука на непливачи) - деца од 4 годишна возраст и постари, - редовен професионален тренинг за натпреварувачи во сите категории - од помлади пионери до сениори, - пливање за возрасни - активна рекреација со тренерски надзор, - ватерполо школа - пливачи, деца од 6 годишна возраст и постари, - редовен тренинг на ватерполо тим - деца родени 96 година и помлади, - трaдиционален ОРИОН меѓународен ватерполо турнир, - редовни совети за воедње на здрав живот и здрава исхрана, - летни и зимски клубски подготовки,- додатна организирана рекреација - пешачење и возење велосипед, посета на други спортови - клубска размена. Стручен тим: Теодора Раптис, Зорица Велковска, Јулија Владимирова, Јане Карајованов и Филип Велковски.Пливачки и ватерполо клуб „ОРИОН“- Скопје (Олимписки базен ЦЕНТАР) бул. Кочо Рацин б.б. контакт: 071 358 254 Јане; 071 318 548 Зорица pvkorion@yahoo.com Swimming & Waterpolo Club "Orion"- Skopje https://www.facebook.com/pages/Swimming-Waterpolo-Club-Orion-Skopje/326062517515734

Контакт

pvkorion@yahoo.com

071 358 254

Локација

Фотографии

Објави

Миа Крстевска постави два нови државни рекорди

На ден 17-18.12.2016 на Меѓународниот пливачки митинг XXV Св.Никола членката на Нашиот клуб Миа Крстевска постави два Нови Државни рекорди во категоријата Младинки и Сениорки/Аполутен во дисциплината 200м грбно.

МИА РЕКОРДЕРКА!

Миа Крстевска со кадетски и младински рекорд на 200м грбно

ПВК ОРИОН со нова рекордерка во пливачката дружина! По Давор Петровски и Антониј Симоновски, ПВК ОРИОН доби за прв пат рекорд во младинската конкуренција. Пливачката, Миа Крстевска, на 200 метри грбно со време 02:32:40 ги...

39-ти Меѓународен пливачки митинг „Телеком 2015", Радовљица, Словенија

Пет злата и едно сребро за ПВК “ОРИОН“

На 39-от Меѓународен пливачки митинг „Телеком 2015" што се одржа во Радовљица, Словенија членовите на пливачкиот клуб ОРИОН, Никола Василевски и Антониј Симоновски постигнаа одлични резултати.

ПВК “ОРИОН” успешен на Медитерански Куп во Грција

На XXXI Медитерански Куп кој се одржа во Александруполи-Грчка на 04-05.07.2015 членовите на Нашиот клуб како дел од Кадетската репрезентација на Македонија ги постигнаа своите најдобри резултати, исполнија две нови норми на 50м базени...

ПЛИВАЧКА ШКОЛА Базен Аеродром

Не оди пеш, научи да пливаш!

Научете ги основите на пливањето, рекреирајте се и забавувајте се цело лето на Базен Аеродром со активностите на нашата пливачка школа. Се гледаме на базен Аеродром!

ДРУЖЕ СО НОВ РЕКОРД НА 50М ПЕПЕРУТКА

Давор Петровски – Друже го собори рекордот на 50м пеперутка во Равне

На 41. Меѓународен пливачки митинг Равне 2014, Словенија кој се одржа изминатиов викенд со учество на 986 пливачи од Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина учество земаа и нашите пливачи Давор Петровски Друже...

ДРУЖЕ, 50-вче СО РЕКОРДЧЕ 30.17!

Давор Петровски со нов рекорд на 50м пеперутка

Пливачите на Пливачкиот Ватерполо Клуб ОРИОН - Скопје викендов учествуваа на Меѓународниот Пливачки митинг „Бор Куп 2013" во Бор, Србија на кој се натпреваруваа 320 пливачи од Бугарија, Македонија и Србија.

Пливачки вештини на 9 месечни бебиња

Не одам, ама пливам!

Интересно видео за пливачките вештини кај бебињата. Овие 9 месечни близнаци од Велика Британија едноставо "лебдат" над водата! Пливањето за бебиња го има во повеќето земји во светот, за жал кај нас сеуште оваа...