Bokserski klub ,,UNIVERZALCI''

Македонија, Скопје

Инфо

Боксерскиот клуб ,,Универзалци ’’ е формиран 2002 година кој остварува учество во Боксерска Федерација на Македонија. Бокс клубот ,,Универзалци’’ има за цел да ги придобие младите што поактивно да се занимаваат со спорт и рекреација и да се избегнат пороците на модерните времиња кои доведуваат до девијантни однесувања на младата популација.Интересно е тоа што од 2014 година АИБА (светска организација ) воведува нови правила со оглед дека и Боксерската ассоцијација целосно се професионализира. Имено, ниту ниеден тренер неможе да учествува на ниту едно натпреварување на АИБА ако не поседува ваква лиценца и тоа ,,ѕвезда’’ од прва,втора и трета категорија .Поранешниот државен првак Васко Цубалевски кој е тренер на БК.,,Универзалци’’ ја поседува лиценцата ,,ѕвезда’’ од АИБА прва категорија кој едукативно се ангажира за подобар развој во боксот, воспоставување работна атмосфера каде што владее вистински дух на одговорност и работно другарство.Во нашиот клуб тренираат деца, кадети ,јуниори и сениори кои со нивните напорни тренинзи учествуваат како на домашни така и на меѓународни натпревари ,а истовремено се натпреваруваат и во боксерската лига на Македонија и постигнуваат резултати.

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

УНИВЕРЗАЛЦИ СО ВИСОКИ АМБИЦИИ ЗА ПРВАТА ЛИГА

Цубалевски: Трофејот од првата лига во бокс е наш!

На 4 Мај започнува ПРВАТА ЛИГА ВО БОКС во нашата земја. Првото коло ќе се одржи во Куманово каде екипата на Боксерскиот Клуб „Универзалци" од Скопје предводена од искусниот AIBA тренер Васко Цубалевски ќе...

ЦУБАЛЕВСКИ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ,,ВОЈВОЏАНСКА ЗЛАТНА РАКАВИЦА “

Цубалевски ја збогатува кариерата со настап на светско ниво

Боксерската репрезентација на Македонија ќе учествува на меѓународниот турнир „Војвоџанска златна ракавица“ во Суботица - Србија , на овој турнир ќе земат учество 22 светски репрезентации. Како член на репрезентацијата ќе оди и нашиот...

ОДИМЕ ДА ДОНЕСЕМЕ ЗЛАТО ОД СРБИЈА

Цубалевски го предводи Стојаноски на „Боксинг Деј” – Лесковац

Државниот првак на Македонија Марко Стојаноски ќе ги брани боите на нашиот клуб и нашата татковина на силниот меѓународен турнир во Србија. Доаѓаме по златото за кое напорно вежбаше Стојаноски под водство на искусниот...

ОДИМЕ НА ЗЛАТО - ЦУБАЛЕВСКИ ГИ ПРЕДВОДИ СТОЈАНОСКИ, РЕЏИЌ, ФИЛИПОВСКИ И СТОЈАНОВИЌ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО БОКС

„Универзалци” атакуваат на државното првенство на Македонија во бокс

Викендов ќе се одржи 24 -то поединечно државно првенство во бокс. Искусниот, меѓународно лиценциран боксерски тренер Васко Цубалевски на ова првенство ќе атакува со државните прваци на Република Македонија: Марко Стојаноски и Давуд Реџиќ,...

УНИВЕРЗАЛЦИ ИТААТ КОН ПРВАТА ЛИГА

Универзалци атакуваат на Првата лига

Во сабота во Штип ќе се одржи квалификационен боксерски турнир за кои екипи ќе се натпреаруваат во ПРВАТА МАКЕДОНСКА БОКСЕРСКА ЛИГА. Тренерот на Б.К ,,Универзалци“ Васко Цубалевски е задоволен од јачината на екипата и...

Универзалци повторно наградени

Стојаноски – „Универзалци” добитници на наградата „Спортска надеж” за 2016 година

По напорниот викенд , каде на турнирот „МЕЧ НА ШАМПИОНИТЕ” членот на боксерскиот клуб „УНИВЕРЗАЛЦИ”, Марко Стојаноски го нокаутираше својот противник и се закити со златниот медал и заедно со својот тренер Васко Цубалевски...

Уште еден подвиг на ,,УНИВЕРЗАЛЦИ“

Цубалевски го предводи Стојаноски на „МЕЧ НА ШАМПИОНИТЕ”

Во сабота на 15.10.2016 во салата „Македонски Бранители” во Скопје со почеток од 18:00ч ќе се одржи турнирот „Меч на шампионите”. Државниот првак на Република Македонија, Марко Стојаноски, членот на Боксерскиот клуб „УНИВЕРЗАЛЦИ” од...

Одличен почеток на годината за ,,УНИВЕРЗАЛЦИ’’

Одиме со висок морал и големи очекувања

На свечената манифестација, доделувањето награди за најдобрите боксери за 2015 година од страна на БОКСЕРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, членот на боксерскиот клуб „УНИВЕРЗАЛЦИ”, Марко Стојаноски беше прогласен за најдобар и најперспективен боксер за 2015...