Galichnik Mountain Bike Adventures

Македонија, Берово

Инфо

Организирање на планинско-велосипедски тури со наши велосипеди во околината на Галичник, Бистра. Турите се организираат во зависност од кондицијата на велосипедистите, односно има соодветни тури за почетници како и тури за искусни и кондиционо спремни велосипедисти. Велосипедските тури опфаќаат разгледување на реонот околу Галичник, Селце, Тресонче, Лазарополе, Маврово и Мавровското Езеро, како и околните бачила. Нудиме соодветни планински велосипеди за offroad терен и додатна опрема како заштитни кациги, ракавици и сигнални светла. Нудиме тури со водач, односно тури за лица кои би сакале да ја разгледаат Бистра, а не се запознаени со теренот и тури за лица кои веќе го посетиле реонот, односно не им треба водач. Цените за тура со водач се договараат во зависност од крајната точка на турата, а цените за тура без водач изнесуваат 200 денари од час по велосипед. Во склоп на планинско велосипедските тури нудиме угостителски услуги во гостилницата "Баба и деде" во Галичник, каде може да пробате Галичко овчо сирење, комат, бакрдан и други традиционални специјалитети. Исто така, се грижиме и за сместувањето на нашите гости и велосипедисти, односно нудиме сместување во современи и одлично уредени апартмани опремени со Wi-Fi. Доживејте ги убавините на Галичник и Бистра со нашиот туристички пакет! Информации на 070-370-843

Контакт

markob_mkd@hotmail.com

070370843

Локација

Фотографии

Објави

Доживејте ги Бистра и Галичник на велосипед!

Авантура на велосипед во Галичник!

На задоволство на сите љубители на авантурата, од Јуни 2015 година во Галичник може да изнајмите опремен планински велосипед и заедно со вашето друштво да ја разгледате убавината на Бистра возејќи планинско велосипедска тура.