PD Transverzalec

Македонија, Скопје

Инфо

ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се доближи и развие планинарскиот спорт во Скопје и Македонија преку квалитет и масовност. Целна група беа младите од градот преку курсеви за ориентација, спасување и алпинизам, водичи, кои ги одржавме во неколку основни училишта. Основачи беа видни планинари со долгогодишно искуство, и како иницијатори на првата планинарска трансверзала Љуботен - Охрид, искачување на Кораб, маратонот Водно – Матка, маратонот Езерски врвови на Шар Планина. Прв претседател беше Владо Коцаре, а денес е Костадинов Зоран, а секретар е Ѓекиќ Марјан. Друштвото до 2001-ва година управуваше со домот „Јелак“ кој е запален-срушен. Денес друштвото управува со планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка. Главни годишни акции на друштвото се: 1.Трансверзалата Љуботен - Охрид, крај на месец јули и почеток на месец август 2.Маратонот Езерски врвови – почеток на месец септември 3.Планинско-Велосипедска трансверзала „Шарски води“ - почеток на септември 4.Ориентациони натпревари на Водно на пролет и наесен кога се менува саатот 5.Зимско искачување на Титов Врв - декември 6.Трансверзала Кајмакчалан- Кожув, Гевгелија, почеток на месец јули 7.Меморијален марш "Чичко Јосиф Илковски" - Китка во април месец 8. Традиционалното искачување на врвот Љуботен по повод 13 ноември

Контакт

transverzalec@t-home.mk

Локација

Фотографии

Објави

Извор: напис од списанието „Починка" од 1975 год.

Дневник од нашата прва трансверзала

03.07.1975 год. (четврток) - Меѓуградската станица во Скопје. Мугри, малку по 4:30ч. Со мене е Климче, дошол да не испрати. Другите доаѓаат еден по еден. Тозо, Рас, а ете го и Штроле.