RSBSP

Македонија, Скопје

Инфо

Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата (РСБСП) Заради развивање и унапредување на сообраќајното образование и воспитание на учесниците во сообраќајот, остварување на соработка и координација во развивањето на сообраќајно – превентивната работа и самозаштита, унапредување на општата безбедност на сообраќајот на патиштата како работа од општествен интерес, како и заради иницирање и предлагање на потребни мерки за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата, во Република Македонија функционира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Задачи на РСБСП се: Унапредување на работите сврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата; Унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учесниците во сообраќајот и развивање на сообраќајно – образовната работа на предучилишните установи и училиштата; Остварување на соработка и координација во превентивната работа на државните органи, институциите, правните лица и другите субјекти по прашањата на самозаштитата во областа на сообраќајот на патиштата; Организирање и учество во сообраќајно воспитни акции и манифестации од областа на сообраќајната превентива; Поттикнување, развивање и помагање на научно – истражувачка работа во областа на сообраќајот на патиштата; Набавка и издавање на сообраќакно – воспитни публикации, филмови и слично; Организирање на научни и стручни собири за работа од областа на безбедноста на патниот сообраќај и Соработка со средствата за јавно информирање, заради навремено, целосно и објективно информирање на јавноста за мерките за унапредување на сообраќајната превентива и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Претседателот и членовите на РСБСП ги именува Собранието на Република Mакедонија. Членовите на советот се именуваат за време од четири години, со право на повторно именување. Адреса на РСБСП: ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр. 13, 1000 Скопје Контакт телефон: +389 2 27 000 47

Контакт

[email protected]

027 000 47

Локација

Фотографии

Објави

Совети за велосипедисти

При купувањето на велосипед, важно е да размислите каде и со кого сакате да го возите. Постојат многу различни видови велосипеди: градски, за трки, хибридни, планински...

Месец мај, месец на велосипедисти

Месецот Мај, во Република Македонија е прогласен за месец на велосипедисти. Би сакале да ве потсетиме зошто, на многу начини, возењето на велосипед е одлично за Вас, и за вашата околина.