SKK eXtreme

Македонија, Скопје

Инфо

АСКК “ЕКСТРЕМ“ основан Април/Мај 1993 година. Гледајќи хронолошки, тоа беше и логичен сплет во развојот на овој спорт, кој во светот почна да се развива кон крајот на 70-те години и тоа прогресивно. Со тоа, тој нов и етички начин на качување влијаеше на сите преостанати гранки од качувањето и започна да ги крева границите кои се до тогаш се сметаа за граница на човечките можности. Една личност во Македонија уште од 1988 година, по завршување на алпинистичкиот курс, имаше јасна визија за едно друг начин качување од оној во тогашниот Македонски Алпинизам. Првите кои се осмелија да кажат, напишат и го бранат ставот дека самиот успон е поважен од качување врв беа Владимир и Лазо. Врвот впрочем не е важен, туку е важна карпата и успонот, без разлика колку е успонот долг. Пред се задоволството е најважно. Задоволството кое трае додека има карпа за качување. Што помалку фаќалишта за раце и нозе – поголемо е задоволството (нирваната) во карпата ! Македонија е една идеална земја за такво качување., слободно качување.Активноста во светот во тој период 1982 – 1989 се развива до максимум, што резултираше со огромна популарност и развој на спортското качување.Со прогресивни отворања нови тешки насоки, првенствени спортско качувачки успони, успони во слободен стил, курсеви за спортско качување, бројни стручни семинари (судиски, инструкторски), па првите спортско качувачки инструктори, полека и јасно започна да се создава новата качувачка дисциплина – спортско качување.Освен тоа, активноста се шири и низ целиот свет. Видливо беше дека сите активности прераснаа во организации, раководства, начин на работа и размислување во планинарските и алпинистичките друштва и отсеци, под раководство каде беше спортското качување. Во алпинистичките отсеци и клубови дефинитивно немаше разбирање за спортско качување. Имено и нашите основачи беа и членови на Алпинистички клуб од каде излегоа бидејќи имаше конфклит, неразбирање, пригушување односно имаше спротивен став во развојот на качувачкиот спорт.Качувачката соработка започна 1990 година помеѓу јас Владимир, Лазо, Дино, Ивица и Марта, кои бевме членови на друг клуб, а излеговме и го оформивме Екстрем. Клубот е направен врз идеја и размислување на слободаѕа на размислувањето, транспарентност во организацијата и уредувањето, взаемно помагање и се друго кое го немаше во другите друштва.Ни беше потребен клуб каде ќе се осеќававме слободни да ја постигнеме целта, а тоа беше спортското качување. Имено целата работа пукна кога решивме да правиме натпревар, а во клубот во кој бевме не ни дозволуваа да го направиме првиот Македонски натпревар. Натпреварот се случи и тоа носител на натпреварот беше клубот каде бевме членови, но по завршување на натпреварот сите си заминавме го оформивме клубот Екстрем.Времето пред самото основање на клубот беше, односно можам да го цитирам како: “Енергијата беше огромна, љубовта кон качувањето и кон нашите карпи никогаш поголема, а нашето пријателство силно и безрезервно. Секогаш ни беше одлично кога бевме заедно, работевме сите заедно на документите за оформување, гледавме на ТВ што прави Франсоа Легранд и му се воодушевувавме, вежбавме на една даска само згибови, го занемаривме факултетот, но сепак бевме среќни што веќе стануваме спортски качувачи“.Првиот натпревар во Македонија беше Октомври месец 1992 година на плочката позади Планинарскиот Дом Матка, за да во месец Јуни 1993 го направивме и вториот Македонски, но истовремено и отворен натпревар каде имаше гости од Србија и Хрватска, исто така на плочка, но со плус две насоки во десно.Истотака јас и Лазе во месец Ноември 1991 година ја отворивме и првата спортско качувачка насока во Македонија, Џамбо Џет на Матка. По ова следеше сонот за вештачка карпа. Тој сон се оствари 1994 година кога го споделив сонот со Петар-Пепи Митров, на експедицијата Аконкагва. По самата експедиција, заминавме во Шамони, а таму Пепи се запозна со спортското качување и изјави желба да помогне во изградбата на првата вештачка карпа во Македонија. Тоа и се случи, Пепи најде средства и во месец Декември 1994/95 година ја монтиравме првата вештачка карпа во Македонија. Голема Благодарност до Пепи!Многу е интересен е фактот дека по изградбата на вештачката карпа немаше кој да качува. Јас бев сам со Марта, Дино имаше повреда на главата откако му падна камен при чистење на плочка и се олади од качувањето, Ивица замина во Хрватска, а Лазе зафатен со најразчични обврски се појавуваше многу ретко на тренинг, а тој тренинг беше храна на нашите очи од гледката-вештачка карпа во Македонија.Но уште во самиот почеток на 1995 година се појавија, како ни нарекуваме, втората генерација спортски качувачи – Мартин, Пуци, Декла, Свето, Чорба и Ботју. Со нив започнаа вистинските натпревари во клубот и во Македонија. Се тренираше, се работеше, се истегнуваа тетиви и лигаменти, успех беше да излезеш од плафон, кој беше само еден метар итн.

Контакт

ivicajovanovski@gmail.com

Локација

Фотографии

Објави

Јога, качување, болдеринг на СКС Карпош

Супер рекреација за сите што се останати во Скопје летово на спортско качувачкиот статион Вардар на кеј.  За секого по нешто… многу болдер проблеми, многу насоки за качување, курсеви за качување за деца и...
Демир Капија - ВДД

Конечно во Демир Капија пробиен патот до старите сектори

Викендов СКК Екстрем повторно во посета на Демир Капија. Бевме пријатно изненадени што конечно беше пробиен патот до старите сектори. Реката почнува да добива природен тек, спуштено е нивото на песокот и се надеваме...