PK MAKEDON

Македонија, Скопје

Инфо

Планинарски клуб "Македон" од Скопје, Р. Македонија е основан на 02.04.2008 година. Целта на клубот е омасовување посебно со млади членови, и создавање на комплетно планинарски образовани членови, без обзир дали се бават рекреативно со планинарски спортови, или активно со намера да постигнат врвни резултати. Структурата на членови е различна, од искусни алпинисти и планинари до млади членови со мало искуство. Просечната старост на членовите на клубот е 31 годинa. Неколкумина од нашите членови се дел од Планинската спасителна служба при Црвениот крст на град Скопје. Покрај во Македонската Планинарска Асоцијација, членови сме и на Спортско-качувачката асоцијација. Зачленувањата во клубот се прават на редовните состаноци кои се одржуваат секоја среда во 20:00 часот во просториите на ФЕИТ. Членарината се плаќа еднаш годишно,и изнесува 350 денари со што добивата и осигурување од спортски повреди на територијата на Република Македонија. Потврда од спортска медицина дека сте способни за спортски активности не е потребна, меѓутоа се препорачува еднаш годишно да се оди на преглед. Чланарината треба да се уплати преку уплатница (ПП10), примач ПК Македон, банка на примач - NLB Tutunska, и жиро сметка - 210063535500109.

Контакт

kps@makedon.mk

Локација

Фотографии

Објави

Стефани и Митикас во зима – 2 во 1

На 13.01.2016 година двајца членови на ПК Македон, Александар Кирковски и Дејан Тодевски, ги искористија поволните услови и малата количина на снег за да реализираат несекојдневен потфат за овој период од годината - еднодневна...

„Новогодишен“ х 10

По повод јубилејот, 50 години од првото искачување на „Новогодишен", на 05.11.2015 година Александар Кирковски успешно реализираше своевиден подвиг од 10 x пати искачување и симнувањa на насоката за вкупно време од 9 часа и...

ПК Македон – Зимско искачување на Олимп

Планината Олимп е прекрасна во секое годишно време, но ако ме прашате мене најубава е во зима. Можеби затоа што сум приврзаник кон престојот на планина во зимски услови. Токму затоа и ја предложив...