Инфо

веб страна: http://kkvodnosuns.com/ фб: http://www.facebook.com/kosarkarskiklub.partizanvs КК Партизан Водно Санс формиран е во Февруари 2000-та година. Клубот започна да работи во Основното училиште “О.У. Кочо Рацин во населбата Водно”, од каде доаѓа и името на клубот. За краток временски период од неговото формирање клубот броеше повеќе од 100 членови, а поради тоа што беше формиран во период на веќе започната натпреварувачка сезона, Клубот активно започна да се натпреварува во сезоната 2000/2001, и тоа во категорија играчи родени 1989 година и во првата натпреварувачка сезона клубот бележи одличен резултат-финале и сребрен медал во горе споменатата категорија, при тоа мора да се напомене дека по завршувањето на првенството, утврдено е дека победникот на првенството учествувал со играчи постари од предвиденото годиште, односно играчи родени во 1988 година. Од тогаш до денес КК Партизан Водно Санс е редовен учесник на завршните турнири за млади категории и брои голем број на медали во различни категории. КК Партизан Водно Санс како специјали-зиран клуб во млади категории, во досегашната историја ги има водено школите за кошарка на голем број прволигашки екипи како што се: КК Торус Скопје, КК МЗТ Скопје, КК Поп Спорт Скопје итн. Во оваа смисла треба да се истакне новината дека оваа сезона 2013/2014 КК Партизан Водно Санс ќе го води кошаркарскиот тим на најголемиот и најпознатиот Спотски Центар во РМ, а тоа е “СЦ Борис Трајковски”.Најголемо достигнување на нашиот клуб е тоа што од Април 2010 година КК Партизан Водно Санс официјално потпиша Договор за соработка со КК Партизан од Белград, од каде и произлегува називот КК Партизан Партизан Водно Санс, со што стана првиот и единствен т.н. партнер во РМ на КК Партизан Белград.Исто така КК Партизан Водно Санс од септември 2012 година официјално започна соработка и со светскиот гигант во кошарката Real Madrid. Истата година започната е соработка на највисоко ниво со клубови од Р.Грција врз основа на која во сезоната 2012/2013 одигравме повеќе од 15 пријателски натпревари на кои завземаа учество повеќе од 5 клуба.Во рамките на нашата соработката со клубовите KK PAOK, KK ARIS, KK MENDOLIDIJ I KK AHILON се организираа задолжителни посети и организирање на турнири како во Скопје така и во Солун.

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

Еден тренинг со младите таленти од КК Водно Санс

Тајната на добрите резултати лежи во индивидуалната работа со играчите. Првата школа за индивидуална работа во Македонија под водство на еден од најдобрите тренери во Македонија и специјалист за индивидуална работа со млади играчи...