PSK DIMITAR ILIEVSKI-MURATO

Македонија, Битола

Инфо

Oсновачко собрание за прв пат е одржано во 1998 год. По иницијатива на постари планинари од Битола регистрирано е како Планинарско Друштво Димитар Илиевски -Мурато. Тогашен претседател беше Петар Ставрев. Но со текот на годините поради неактивност и промените во законот кои се случија беше потребно целосно реактивирање. Тоа се случи на основачкото собрание кое се одржа на 15.02. 2010г. во Битола. По иницијатива на Јонче Илиевски, Саша Грбиќ и Стефан Петровски. Денес како Планинарски Спортски Клуб „ Димитар Илиевски- Мурато“ е дел од Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија и ја продолжува традицијата на спортско планинарење. Клубот од основањето до денес има околу 100 членови од кои поголемиот дел се доста активни, меѓу нив има искусни ветерани планинари а и доста млади членови просечната старост на членовите на клубот е 30г.За краток период од основањето членови на клубот имат доста успешни искачувања во земјата и надвор од неа поголеми се: -Монт Блан 4810м, Франција 2010,2012,2013год. -Гран Парадисо, 4061м Италија 2011г. -Исланд Пик 6189м.Непал Хималаи 2011г. -Олимп, 2918м Грција -Мусала, 2925м Бугарија -Пирин, Бугарија -Триглав, 2864м Словенија -Моунт Казбек 5047м Грузија 2012г. -Глосглокнер 3798м.Австрија и др.2012г. -Матерхорн 4478м.Швајцарија 2013г. -Килиманџаро 5895м. почеток на 2014г. Денес нашите бројни активности се насочени кон инволвирање на млади планинари, нивна обука и тренинг за поголеми предизвици, без разлика дали ќе се бават со рекреативно планинарство или спортско планинарење, високогорство, како и зачувување на традицијата на предходните генерации планинари кои ја прославија Битола и Р.Македонија. Членство: Планинарскиот Спортски Клуб ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО од Битола е Здружение формирано со слободно здружување на граѓаните,заради остварување усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во планинарството.Член во Планинарскиот Спортски Клуб може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон Планинарскиот Спортски Клуб.Зачленување во Планинарскиот Спортски Клуб се врши со пристапница,односно со давање на планинарска членска книшка.и годишна членарина од 250ден. Со плаќање на членарината, секој член добива , членство во ФПСМ, попуст во пл.домови низ Македонија. Планинарскиот Спортски Клуб ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО од Битола е конститутивен дел од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

Зимско искачување на Пелистер 2601 м.н.в.

Планинарскиот Спортски Клуб „Димитар Илиевски Мурато" од Битола за прв пат оваа година организираше искачување на Пелистер во зимски услови по потешка патека, „Патека по камењар".