Инфо

https://www.facebook.com/fitnesrevolucija Понеделник, Среда, Петок, Недела 15:00 - 16 30 17:00 - 18:30 18:30 - 20:00 20:00 - 21:30 21:30 - 23:00 За ФР Фитнес Револуција е фитнес студио основано 2014та година и има за цел со програмирано и систематизирано мускулно оптоварување да ги подобрува секојдневните физички перформанси и секако да го подобрува квалитетот на животот. Со што би се подобриле кардиоваскуларниот и респираторниот систем, така што се намалува стресот на срцето, се регулира дишењето и се подобрува циркулацијата на крвта. Позитивното влијание врз мускулната и коскената маса има важни бенефиции и предности врз здравјето на луѓето и нивниот потенцијал за побрз опоравок. Соодветно дизајнирана тренинг програма е витална за подобрување на перформансите и здравјето на секоја индивидуа. Процесот на реализирање на еден тренинг систем претставува тековна и директна комуникација со своето тело. Тое е единственото тело кое го имаме, па токму затоа треба да се развие цврста и здрава врска со него. Тренинг програмаТренинг програмата на Фитнес Револуција е поврзана со менување од една кон друга активност или промена од една во друга компонента на фитнесот. На пример, крос тренинг со веслање, користење на руско ѕвоно (кетлбел), користење на сопствената телесна тежина за кардиоваскуларен фитнес, користење на слободни тежини и многу динамични алатки, наместо изведување една иста активност ден за ден. Исто така може да се создадат измени помеѓу главните компоненти на фитнесот, на пример менување на активностите во една балансирачка вежба, што вклучува кардиоваскуларен тренинг, тренинг за сила и истегнување. Информации за целите на клиентот, моменталното кондициско ниво и секако здравствената состојба се есенцијални фактори за една успешна програма.Различни тренинг програми се ставени на куп под терминот наречен “системи”. Повеќето тренинг системи се базирани на солидна наука и ефективно ги исполнуваат целите кои биле намерени. Како и да е, важно е да се осигураме дека целта на тој систем е во иста линија со целта, потребите и можностите на лицето за кое е наменет. Додека еден “рецепт” или систем на тренинг може да одговара на една индивидуа, истиот тој систем може да нема ефект врз друга, па дури може и да нанесе повреди. Поради тој факт тренинзите во Фитнес Револуција се надгледувани од страна на професионален тренер.Овој вид на тренинг разработува повеќе активни станици една по друга. Со користење на овој метод на тренирање може да се вежба на намалување на телесната тежина, дефинирање на мускулите на телото, сила, снага, борбеност, силова издржливост, брзина, плиометрија. Теренот за тренирање се уредува така што се создава круг од справи или вежби како станици. Еден дел од телото не треба да биде повторен два пати по ред, бидејќи со тоа се овозможува одредени мускулни групи да се опорават.КЕТЛБЕЛКетлбел (руски: гиря) е леано железо (личи на топ со рачка) што се користи за изведување на балистички движења кои се комбинираат како кардиоваскуларни вежби, веќби за сила и флексибилност обука. Постојат различни тежини на кетлбели, од 5 па се до 32 килограми.Ако се навратиме низ историјата можеме да ги најдеме кетлбелите во Русија дури во 1700та година како дел од општата физичка подготовка на Советската армија. Веќе во 1940та година почнуваат да се користат и како дел од кондициската припрема на спортистите ширум светот, па почнуваат и првите натпревари со кетлбели.Типични вежби со кетлбел се за зголемување на силовата издржливост , особено во долниот дел на грбот, нозете и рамениците и за зголемување на потпорната сила. Основните движења со кетлбел, како што е мафтањето, ги имитираат позицијата на телото и контракцијата на мускулите од активностите во реалниот свет, каде што се вклучуваат повеќе мускулни групи за изведување на одредена активност. Моментумот на многу кетлбел движења, создава центрифугална сила, фокусирајќи повеќе внимание на мускулите кои се користат за забавување и стабилизација.Кетлбел вежбите во нивната природа се холистички , па затоа тие вклучуваат неколку мускули истовремено и може да се повторат движењата, постојано, за неколку минути или со кратки паузи. Оваа комбинација го прави овој вид на вежбање делумно аеробен и може да се комбинира како интервален интензитет, за разлика од традиционалното кревање тежини. Контролираните движења со кетлбел, ако се направат правилно, можат да бидат многу корисни за санирање на болки во рамењата и грбот. Тие нудат подобрена мобилност, опсег на движење и зголемување на силата. Тегови се одлични за градење на мускулите и силата со изолирани бавни и контролирани движења, додека кетлбелите го вклучуваат целото тело и се фокусира на издржливост, сила и динамиката на движењата.Кетлбелите се главна алатка на тренинзите во Фитнес Револуција.ИСХРАНАХраната претставува субстанца неопходна за правилна телесна функција. И секако дека во филозофијата на работењето на Фитнес Револуција исхраната како таква е неизоставен сегмент во секоја смисла. На секој начин, ние сме храна која се движи. На чисто физичко ниво, храната претставува градба на нашите ќелии и ги оформува ткивата, кои пак ги оформуваат органите и крвта. На физиолошко ниво, храната која ја примаме влијае на нашето расположение, енергијата и на тој начин на нашата иднина. На пример, колку повеќе храната е помината низ хемиски процеси и колку повеќе има вештачки соединенија има во неа таа е: • помалку хранлива • го ослабнува дигестивниот систем • содржи повеќе калории Додека луѓето од нутрицискиот свет се во “војна” еден со друг, вистината е дека ни еден начин на исхрана не е правилен за сите - ниту пак само еден начин на исхрана ќе биде правилен за целиот животен тек. Диетските потреби се менуваат од сезона во сезона, од година во година, луѓето имаат променлив метаболизам, различна крвна група, различна генетика, поинаква енергија, стрес, се различно кое си игра своја улога. За повеќето од нас, поентата е да се прекине со јадење “ѓубре”, да се направи избор на храна основан на нашата био-индивидуалност, а не врз некоја ригидна теорија. Затоа прво треба да се знаат нутрициските основи. Не смее да се заборави фактот дека начинот на исхрана е резултат на восптитувањето, образованието, економските можности и пред се на навиките. Како и делот околу тренингот кој е систематизиран и програмиран, така и сферата околу исхраната е целосно опфатена во суштината на вежбањето во Фитнес Револуција.Огнен БражанскиРастејќи негде во шумите на Матка, Огнен Бражански станува физички активен од најмали нозе. Качување по планини, возење велосипед, пливање и веслање на диви води беа негови секојдневни активности. Оваа култура на постојана физичка активност и движење довело до приклучување на јуниорската кајакарска репрезентација како тинејџер и старт на професионалан кариера како врвен спортист. Нормално за потребите на еден спортист освен физичката подготовка многу важен сегмент е и надградувањето и усовршувањето конкретно на мисловниот процес околу општата физичка сфера, што резултира со запишување на Факултет за физичка култура во Скопје и секако првите денови работа како персонален тренер. Веќе завлечен длабоко во „дивите води“ на физичката култура, Огнен го завршува факултетот и се посветува целосно на работа, како тренер, на спортисти и индивидуи кои претпочитаат физичка активност како секојдневие. Работејќи на имплементирање на еден алтернативен пристап на вежбање, заедно со Филип Арсовски, кон крајот на 2013та година го формира фитнес студиото „Фитнес Револуција“.

Контакт

fitnesrevolucija@gmail.com

Локација

Фотографии

Објави

Користникот нема објави