Centar za joga i lichen razvoj

Македонија, Скопје

Инфо

Здружението на граѓани Центар за јога и личен развој е непрофитна и невладина организација која е формирана со слободно здружување на граѓаните за остварување на следниве цели и задачи:- примена на јогата и другите слични дисциплини како методи за личен развој на поединецот во насока на подигнување на квалитетот на неговото живеење и развивање на неговите физички, ментални, психички и др потенцијали,- да ја поттикнат заинтересираноста за јогата и личниот развој кај припадниците од различна возрасна, полова, етничка, религиозна и друга припадност,- да овозможат примена на јогата за превентивни, терапевтски и рехабилитациони цели во образованието, медицината, спортот и др слични сегменти во опшеството,- да работат на градење на културата за јога и слични дисциплини за личен развој.Своите цели ги реализира на две локации, Капиштец и ОУ. Браќа Миладиновци,Аеородром преку следните активности: · почетни, средни и напредни курсеви, · специјализирани курсеви за деца, · пренатална и постнатална јога, · терапевтски курсеви: астма, `рбетни деформации и др, · јога за спортисти, · јога за лица во трета доба, · индивидуални часови, · работилници, предавања, семинари, · издава брошури, проспекти и сл,· активности од реакреативен карактер: излети во природа, патувања и сл, · Соработка со владини и невладини организации, институции и здруженија од научен, спортски, културен, медицински, воспитно-образовен и сл карактер. ----------------------------------------------------------------------------------------------- КОНТАКТ:Моб: +389 75 554 586 е-mail: centarzayoga@yahoo.com

Контакт

centarzayoga@yahoo.com

Локација

Фотографии

Објави

Јога за деца

Кога децата ќе се сретнат со јогата

Децата нѝ живеат во еден свет на брзање, под притисок во училиште со разни обврски, обземени со компјутери и видео игри, со малку физичка активност. 

Летен јога-семинар

Медитации на плажа, незаменливи

Привлечени од незаменливото доживување да се практикува јога во природа, а особено крај море, решивме традиционалниот годишен семинар да го одржиме во облик на одмор-семинар. Изборот падна на Мола Калива, Халкидики, Грција.

Јога за деца – За правилен психо-физички развој

Јогата е дисциплина, или подобро, содржина што може да го разубави и продлабочи семејното живеење. Го разубавува затоа што човекот што ја практикува го прави поопуштен, поведар, попозитивен, подобар, а тие состојби ги пренесува...

ПРАНАЈАМА

Добро дишење – Здраво живеење

Дишењето е главно обележје на постоењето. Дишеш - живееш. Тоа е во тесна поврзаност со виталната енергија и со другите функции во телото.  Затоа, ако го „култивираме" дишењето и развиеме контрола врз него ќе...