ZS To4ak

Македонија, Охрид

Инфо

ZS To4ak - cycling team OhridВозењето е наша страст!Природата е наша љубов!Нашиот млад, но амбициозен клуб за велосипедизам, планинарство и еко култура Зш Точак претставува синоним на младоста, ентузијазмот и љубовта кон велосипедизмот и природата.Започнавме сосема спонтано, како млада група на пријатели, кои делеа иста страст кон велосипедизмот како здрав начин на живот и возбудата при освојувањето на секој нов километар на новите предели.Секако крајна сатисфакција е позитивната енергија од секое наше дружење и новите пријателства кои во иднина се повеќе се продлабочуваат.Мисијата на нашиот клуб е уште повеќе да се популаризира и промовира екстремниот велосипедизам во нашиот крај и секако уште еднаш да покажеме пред сите дека Охридското Езеро и неговото крајбрежје се навистина дар од Бога.А неповторливите панорами на Галичица и Јабланица Ви го застануваат здивот и Ве оставаат да уживате без збор.

Контакт

info@to4ak.mk

Локација

Фотографии

Објави

З’Ш Точак и оваа година на Олимп

На 27 Септември 2015 , дел од екипата на велосипедскиот тим З'Ш Точак повторно го искачија највисокиот врв на планината Олимп во Грција и втор по висина на Балканот, Митикас 2918нмв. Овој пат преку...

Турно на Јабланица

Jablanica Milky

Екипата на Зш Точак составена од Илина Арсова и Зоран Димoски ќе споделат со публиката уште едно неверојатно видео од незаборавлив фрирајд од недопрените Јабланички снежни падини.

ЗШ Точак на АКОНКАГВА

Филип Василески - Четкар, еден од основачите на Зш Точак успешно се искачи на највисокиот врв во Јужна Америка.

З'Ш Точак повторно на Олимп!

Стефани 2909 м.н.в, Тронот на Зевс!!!

22 Септемри, Понеделничко утро, З'Ш Точак повторно на Олимп, овој пат Стефани, 2909нмв нешто понизок од Митикас, но сепак по авантуристички и по забавен. Следи видео како и секогаш!!! Уживајте!

З’Ш Точак на Олимп, Митикас 2917нмв

Минатиот викенд дел од екипата на ЗШ точак го шеткараше Олимп и несакајќи го искачи и неговиот ми ти највисок врв Митикас на висина од 2917метри. Следи нашето видео скоцкано во пет минути! :)...

Последното видео од зимскава сезонава

Jablanica Magic

Последното зимско видео од сезонава и од ЗШ Точак! Падна на Јабланица, Уживајте!!!

Ветер во магла на Магаро

Недела, 9 март, навидум прекрасен ден за дружење во планина... Новиот снег кој падна на падините на Галичица, мора да се искористи до крај, така да направивме уште една авантура на Магаро. Искачувањето беше...

На падините на Јабланица

Jablanica nightmare

За прв пат годинава, екипата на ЗШ Точак ја спушташе Јабланица од Црн Камен! Многу снег, лоши временски услови. Следи видео!!

И пак И пак И пак

Гужва на Магаро епизода 2

Сабота, 15 февруари 2014, ден прекрасен за планинарење, дружење, лудување во природа! Екипата на З'Ш Точак заедно со Битолската турно мафија, SKI MACEDONIA и локалните планинари, повторно ја нападнаа Галичица. Следи видео маааалку подлого...

Северната страна на Галичица!!!

SUNSET FREERIDING

Уште еден прекрасен ден на Галичица... Нов видео запис

Галичица

МAГАРО Freeriding

1ви февруари 2014, дел од екпата на З'Ш Точак го спушташе Магаро, врвот на Галичица, кој со турно кој со даски... Со оглед на лошите временски услови брзо го искачивме, а пребрзо го спуштивме,...

З'Ш Toчак на Магаро - Галичица

З’Ш Toчак на Магаро – Галичица

Викендов екипата на ”ЗШ Точак” заедно со група планинари од Битола се искачи на врвот Магаро - Галичица. Иако временските услови беа лоши, поминавме уште една прекрасна авантура. Следи видео!

Рекреативна велосипедска тура

Илинска црква 2013 – видео

Во прилог следи видео од рекреативната велосипедската тура Илинска Црква одржана на 2 Ноември 2013