Avantura Produkcija

Македонија, Скопје

Инфо

Си снимаме видеа, си ги монтираме, си ги пуштаме и си ги гледаме... Супер се :-) Планински Авантури, осум епизоди, неколку планини, неколку убави ноќи и денови! Планински Авантури С2 - наскоро и многу, многу, многу... Ма супер се, ќе видите :-)----------------------------------------------------------------------------------------------- За Планински Авантури Серијал емисии од рекреативно едукативен карактер во кои ќе можете да ги видите случувањата и авантурите одблиску, низ призма на активен учесник. Ќе добиете информации во врска со посетените предели како и назнаки како да ги пронајдете и да пристигнете до нив. Ќе можете директно да процените каква опрема и колкава физичка подготвеност Ви е потребна за впуштање во вакви авантури. Ќе видите предели, започнувајќи од тешко проодните и малку познати локации, па се до високите планински врвови кој досега многу ретко или воопшто не биле прикажани. Ќе се вклопиме и прилагодиме на секакви временски услови во остварување на крајната цел, а тоа е да Ви ги прикажеме планините и нивните убавини во сите годишни времиња и во различни временски услови. Покрај убавините и уживањето во нив, кој се неодвоив дел од планините и планинските авантури, ќе ги видите и опасностите како стрмите планински страни, изложените карпести гребени, снежните стреи и опасноста од лавина, дивите животни, големите температурни разлики, силните ветришта и брзите временски промени со кои ќе се соочиме во серијалот.

Контакт

avanturaprodukcija@gmail.com

Локација

Фотографии

Објави

Планински Авантури / серијал 2 /

Неедитирани видеа од втората сезона Планински авантури

Еве нешто неедитирано од втората сезона, која за разлика од првата е значително поквалитетна, посодржајна и позрела! Посакајте ни среќа и успех помеѓу турско-индиските сапуници и шернете ако не Ви е тешко! Благодариме на...