Eho - Mountain film festival

Македонија, Скопје

Инфо

Во организација на Алпинизам.орг и ЕХО фестивалот,Ве покануваме на овогодинешната средба со ехото од планините од целиот свет. Секојдневно, илјадници луѓе ги живеат своите радости во планините: планинарат, качуваат, скијаат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носениод планинските ветришта... Секојдневно, таа нечија силна љубов кон природата, креира приказни кои никого не оставаат рамнодушен. Ехото создадено во тие авантури, понесено од нивната искреност и едноставност, стигнува и кај нас – нé инспирира и мотивира и ние, со уште поголем жар да ја сакаме природата, да се надминуваме и радуваме во неа, да креираме и да ги пренесуваме и ние нашите приказни и да продолжиме да ја пренесуваме таа енергија.„Сé додека сум жив ќе ги слушам водопадите и птиците како пеат. Ќе ги слушам карпите и ќе го учам јазикот на поплавите, невремињата и лавините. Ќе се запознаам со глечерите и дивите градини и ќе се обидам да стигнам колку што поблиску можам до срцето на светот... Тоа беше мојот метод на учење: скокав од карпа на карпа, одев од поток до поток, од шума до шума. Каде ќе ме стемнеше – таму преноќував. Кога ќе откриев некое ново растение, седнував до него на минута или ден – да се запознаам подобро и да го слушнам што има да ми каже... Ги прашував карпите кои ќе ги сретнев, од каде дошле и кон каде одат...“ Џон Мјур (1838-1914) За време на Ехо, за време на овие Денови на планинскиот филм во Скопје, да скокаме и ние од карпа на карпа, да ги слушаме водопадите и птиците, да се запознаваме со растенијата и да ги учиме лекциите од природата, пренесени преку прекрасните филмски остварувања, фотографии и презентации. www.ehofilmfest.mk https://www.facebook.com/EhoDenoviNaPlaninskiFilmovi https://twitter.com/EHOMountainFilm http://vimeo.com/ehofilmfest

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

Забелешка: пуштете го трејлерот на цел екран и најгласно

„Малите нешта“!

Нашиот фестивал е целосно посветен на подигнување на свеста на целата заедница за грижа за околината, планините, природата... Покрај "DamNation" ова е втор филм оваа година на таа тема: одржливо живеење и размислување. Прекрасен...

Scardus SBX SKI & snowboard cross натпревар 7/8/9 март, Брезовица

За време на претстојниот викенд , SCARDUS организира за прв пат женска категорија во сноуборд крос SBX натпревар. Здружението за екстремни спортови Scardus ја одржа својата конференција денеска во Приштина, каде што зборуваше за главната...

БРЕЗОВИЦА Е СЕТА ВО СНЕГ!

SCARDUS – Паралелен слалом на Брезовица

Викендов на 15/16/17. 02. 2014 година во ски центарот Брезовица ќе се одржи ски/сноуборд натпреварување во паралелен слалом во неколку катергории организирана од scaruds.org.

WIDE BOYZ или „ШИРОКИ МОМЦИ“ на ЕХО

Еден од најдобрите филмови по светските фестивали годинава, филм за искачувањето на Пукнатината на Векот "Century crack" - според Wide boyz односно „Широките Момци“, специјалисти за качување широки пукнатини во карпа. Тоа што можевте...

Ехо новости – Not so far (Не толку далеку)

ЕХО денови на планинскиот филм, продолжува со промоција на филмовите кои ќе бидат дел од програмата од годинешното издание на 28/29/30/31 октомври 2013 во арт-киното фросина во МКЦ.

Најава за филмовите кои ќе бидат дел од програмата на годинешното ЕХО

Почитувани пријатели, пресреќни сме што можеме да ги објавиме датумите на одржување на најважната културна манифестација која ги слави планините и нашата љубов кон нив. Овогодинешното издание на Планинскиот филмски фестивал, „Ехо – Денови...