Body Mind and Spirit Festival

Македонија, Скопје

Инфо

Здружението на граѓани „Синергија – Скопје“ е во подготовка на второто издание на фестивалот Body Mind and Spirit кој ќе се одржи од 27 - 29 септември во Македонската опера и балет. Оваа година главниот фокус на фестивалот е да се понуди уште посериозна и сеопфатна програма во доменот на здравјето на телото, умот и духот, со цел вистински да се подигне свеста кај посетителите за правилен начин на живот, како и да се овозможи релевантна едукација на овие теми. Во таа насока, земајќи го предвид вашето делување, би сакале да ви понудиме можност за презентирање на вашата компанија во рамките на фестивалот, како би можеле заедно да придонесеме во правилната едукација на клучната засегната публика. Основна идеја на фестивалот е здравиот и правилен развој на луѓето, и тоа таргетиран од три аспекти: Тело, Ум и Дух. За таа цел, во рамките на трите фестивалски дена ќе се претстават голем број на еминентни домашни и интернационални предавачи, тренери и инструктори кои ќе ги разработат овие теми преку бројни предавања, семинари и работилници. Истовремено, застапени ќе бидат и релевантни комерцијални поддржувачи кои со своите производи или услуги ќе придонесат во реализирање на целта на фестивалот.Покрај многубројните предавања и работилници, оваа година фестивалот ќе понуди и 3 големи конференции/семинари, и тоа по една во секој сегмент: Тело, Ум и Дух. Големите конференции се планирани како посебни целодневни настани за кои ќе гостуваат меѓународни предавачи и практичари, докажани во својата област.Телефон за контакт: 078 264 656

Контакт

[email protected]

078 264 656

Локација

Фотографии

Објави

Користникот нема објави