MTP Sports Club

Македонија, Скопје

Инфо

ТК МТП постои од 1995 година. Создаден е како резултат на тениска идеја која беше поддржана и реализирана со помош на неколкумина љубители на тенисот, во време кога Македонија ги живееше првите години од осамостојувањето, па и организацијата на тенисот како и се друго ги доживуваше промените предизвикани од оваа состојба. Малку официјални податоци...ТК МТП е член на Македонската Тениска Федерација од 1995 година. Натпреварувачите на ТК МТП се исто така регистрирани членови на МТФ и земаат редовно учество на сите турнири организирани од страна на МТФ. Натпреварувачите на ТК МТП 15 пати освојувале Државни првенства во различни категории, повеќе пати станувале вице шампиони или биле полуфиналисти. Освоени се многу Екипни првенства и Отворени првенста, во организација на МТФ.Исто така натпреварувачите на ТК МТП имаат забележителен настап и на меѓународни турнири во организација на ЕТА и ИТФ, како и на турнири во организација на Тениските федерации на соседните земји.Кратко за сегашноста... Досегашното искуство и постигнатите резултати ни даваат за право да сериозно размислуваме во правец на квалитетен детски и јуниорски тенис. За таа цел сегашната организација се темели на организација на: Детски тенис - реализација на идејата за еден нов пристап кон вклучување на децата во тениската игра и натпревар, во што се вклучени деца од 4 до 10 годишна возраст Јуниорски екипи - во кои се вклучени сите натпреварувачи на ТК МТП во соодветни категории Тениска академија - каде го пласираме стеканатото тренерско знаење и искуство, организациско искуство, инфраструктура и можности кои ни ги нуди нашето поднебје за создавање на оптимален пакет на тренинзи и подготовка на играчи со високо натпреварувачки амбиции....и дел за сите! Покрај јуниорскиот тенис, ТК МТП е место каде и голем број на рекреативци добро се забавуваат. Природниот и едноставен амбиент го прават ТК МТП место каде сите добро се чуствуваат и уживаат во убавините и забавата што ја нуди спортот.Најзабавните спортски родендени само на едно идеално место за вас и вашите најблиски!!!Оранизиран мултиспортски роденден - фудбал, кошарка и тенис.За најмладите - игротека со најразлични анимации! MTP Sports Club се наоѓа на ул. Варшавска, во самиот училишен двор на Гимназијата Ѓорги Димитров и располага со комплетно ново отворенo фудбалско игралиште за мал фудбал на вештачка трева. Фудбалското игралиште е направено според сите пропозиции на УЕФА стандардите и располагаме со лиценцирани тренери кои ја водат фудбалската академија на MTP Sports Club!

Контакт

mtptenis@gmail.com

Локација

Фотографии

Објави