Инфо

Порталот www.danaucime.mk е првенствено наменет за приватни подучувачи, нивно пребарување и огласување. Идејата започна од алтруистички аспект, да им се помогне на 13% невработени подучувачи на полесен и поефикасен начин да најдат работа. На истиот интернет сајт (Да Научиме), приватните подучувачи, поставуваат свое портфолио при што секој заинтересиран за приватни часови може да ги контактира. Базата на Да Научиме брои над 500 регистрирани подучувачи со различни профили филолози, информатичари, инструктори по музика итн.Во рамките на Да Научиме, од неодамна се формираа уште два концепти: Еду Картичка и Еду Магазин.Еду Картичка - Картичка за попусти која можат да ја користат студенти, професори и ученици, млади на возраст од 15 до 30 години ширум Македонија и Хрватска. Еду картицата овозможува попусти од 5% па нагоре, на различни производи и услуги ширум Македонија и Хрватска како локали за исхрана, спортски сали, кина, дискотеки, кафе барови, фитнес клубови, кои можете да ги користите во текот на цела година.Еду Магазин - Целта на Еду Магазин е да го доближи образовниот сектор до студентите, учениците и младите воопшто. За таа цел, категориите кои се дел од магазинот третираат теми од образовниот сектор во Македонија и странство - тековни случувања, младински настани, конкурси, стипендии, пракси како и едукативни содржини од полето на науката, технологијата, историјата итн. Дел од магазинот е и категоријата Интервјуа чија цел е да промовира млади македонци успешни во своето поле овде и/или во странство, како и категоријата Канцеларија за млади каде ги генерираме сите информации за конкурси, стипендии и сл.Мисијата на ,,Да Научиме" заедно со останатите негови концепти е да се олесни и облагороди едукативниот процес, да се подигне нивото на студентскиот живот и да им се доближат на студентите и младите воопшто, сите бенефити кои ги има европската младина, како и да се овозможи информативен сервис кој ќе им ги обезбедува на младите сите информации за студирањето во рамките на Р.Македонија и во странство.Доколку сте заинтересирани да ги следите нашите информативни содржини или да набавите Еду Картица, посетете го нашиот сајт www.danaucime.mk или контактирајте не на нашата e-mail адреса или на телефонскиот број 00 389 78 528 659.Канцелариите на ,,Да Научиме" се наоѓаат во строгиот центар на градот, веднаш позади хотелот Stone Bridge.

Контакт

contact@danaucime.mk

Локација

Фотографии

Објави

Спортувањето станува начин на живеење-Интервју со Златко Јанакиевски

Спортот и вежбањето е сѐ поголем тренд меѓу младите, нивната дневна физичка активност е зголемена, а видливите спортски успеси на наши клубови и репрезентации претставуваат мотивација за потенцијалните идни спортисти.