Open Fun Football Schools

> >

Македонија, Скопје

Инфо

Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF). Open Fun Football Schools се развиени по концептот кој потекнува од Данскиот Фудбалски Сојуз. Неговата основна идеја е „фан - забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Во тек на неделата децата живеат низ фудбал, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост. Open Fun Football Schools треба да се сфатат како додаток на важната работа која ја извршуваат фудбалските клубови. Целта не е да се развиваат и јакнат талентираните играчи - тоа сметаме дека е работа на фудбалските организации и фудбалските клубови - туку да им се овозможи на децата едно богато и вредно искуство во игата со топка, како и да се промовира играта, да се пронајдат нови играчи и да се развие нивниот талент. Користејќи игри со топка и чиста игра, Open Fun Football Schools сакаат да бидат стратешки инструмент во рамки на социјалниот и политичкиот аспект, кој ги обновува старите но прекинати пријателства и спортската соработка помеѓу фудбалските клубови - учесници, нивните тренери, лидери и децата, во сите области на нашето делување и воедно промовирајќи толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка помеѓу различните етнички групации. Затоа ние развивме наш сопствен „фан фудбалски концепт“, каде ги имплементираме радоста и играта. Радост, да се биде заедно со другите, да се научи како да се употреби новиот детал. Ние употребуваме мечти и фантазија во играта. Соништа додека играме дека сме Пеле, Фиго или Зидан, кога сакаме да ја предрибламе картонската кутија, и ние се обидуваме да го изградиме нашиот фудбалски тренинг околу една приказна во која ја сметаме „топката за подарок“. Тоа би значело дека ние се обидуваме да вградиме елемент на соработка и комуникација во сите наши игри, каде топката е сфатена како подарок на кој треба да му се обрне посебно внимание, а кој сме им го подале на нашите другари со „почит“, за да се подобриме едни со други. На тој начин го развивме нашиот сопствен „фан фудбалски концепт“. ИСТОРИЈАТ CCPA - Open Fun Football Schools потекнуваат од летните фудбалски школи на Данскиот Фудбалски Сојуз (DBU) кои за прв пат се птретставени во поствоена Босна и Херцеговина, во 1998 год.Целта на овој проект на „толеранција“ е поврзување на децата и луѓето од различно етничко потекло на повторно ниво на дијалог.Од тогаш проектот растеше и активностите се прошируваа на Македонија, Србија и Црна Гора, Хрватска, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Молдавија, Сирија, Јордан, Либан и Косово. CCPA - OFFS вистински е проект кој не познава граници.Доброволниот аспект и волонтерскиот пристап се значајни особини на сите одржани школи до 2008 година. Сите школи се организирани од страна на лидери и тренери - доброволци, кои веруваат и ја подржуваат идејата на проектот. Ваквиот идеен став и солидната донаторска платформа составена од Министерствата за Надворешни Работи на Нордиските Земји - Данска, Норвешка, Шведска и Финска, заедно со Унијата на Европските Фудбалски Сојузи - UEFA и Novo Nordisk, водечкиот производител на инсулин во светот - ја прават CCPA одржлива. Во Македонија, во периодот од 2000 - 2008 година се организирани вкупно 153 школи, а во текот на овие девет сезони се опфатени речиси сите општини од Македонија. На школите земале учество повеќе од 33000 момчиња и девојчиња од нашата земја, водени од повеќе од 2300 лидери и тренери едуцирани на нашите регионални семинари.Се разбира дека улогата во локалниот дел на финансирање од страна на општините, фудбалските клубови, фудбалските сојузи, министерствата, приватните фирми и пошироките општествени заедници, е многу значајна. Во следната година меѓународната заедница сака да се зголеми локалниот дел на финансирањето.тел./факс: +389 2 / 3090 168 тел.: 02 / 307 99 32 е-mail: offmacedonia@on.net.mk web: offmacedonia.com.mk

Контакт

offmacedonia@on.net.mk

02 / 307 99 32

offmacedonia.com.mk

Локација

Фотографии

Објави

Open Fun Football Schools 2013 – Ѓорче Петров

Денес, на 30.08.2013, е последен ден од петдневното дружење на децата од општината Ѓорче Петров. Многу игри, забава и дружење на терените. Во наредниот период, забавните фудбалски игри ќе се одржат во другите општини...