Konjichki Klub " Bistra - Galicnik "

> >

Македонија, Берово

Инфо

Истражи го Националниот парк – Маврово на коњ Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на традиционално подготвените јадења. Шумски тури 1. Возбудлива шумска тура (Галичник – Св.Петка – Галичник)За оние кои уживаат во активности во природа, ние ви го нудиме најдоброто јавање. Почнувајќи од с. Галичник нашиот водич ќе ве води длабоко во шумата се до најмалата црква на Балканот –Св. Петка за краток одмор. За време на јавањето ќе можете да ги видите врвовите на Крчин, Стогово и панорамска глетка на с. Галичник, кањонот на реката Радика и многу шумски потоци низ кои тече кристално чиста планинска вода. Времетраење на турата: околу 2 часа Поаѓање: 09.30 ч. 2. Адреналинска шумска тура (Галичник – Селце – Тресонче – Lazaropole )Ова е идеална тура за оние кои сакаат да го искористат максимумот од еден ден. На оваа тура јавањето е низ шумата Сушица и надолу кон селата Селце и Тресонче, со панормска глетка на северната страна на планината Стогово. На пат кон Лазарополе се поминува низ селото Тресонче со цел да се почуствува фолклорниот амбиент и старата селска архитектура.Времетраење на турата: околу 8 часа Поаѓање: 9:30 ч. Одмор: 14.00 ч. (Ручек во локален ресторан во Лазарополе) Пристигнување: 19:00 ч. Планински туриОвие тури се за оние кои сакаат да ги видат сите планински богатства на планината Бистра. Турата започнува со качување на падините на планината и глетка кон неколку планински врвови. На оваа тура потребно е да се носи соодветна облека, како и опрема за заштита од сонце и дожд. Со посета на неколку бачила оваа планинска тура ќе ви го доближи животот на овчарите, а исто така посетата во бачилата ќе ја искористиме да ги вкусиме најдобрите традиционални бели сирења и јогурт. За оние кои сакаат поинтезивно доживување, ја препорачуваме возбудливата и адреналинската тура со која ве носиме на највисокиот врв Меденица (2,163 м.) со спектакуларен поглед на Корабскиот масив (2,764 м.). 1. Лесна планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Смрдливи Вирови – Чаушица – Галичник)Приближно 4 часаПоаѓање: 9:30 ч.Дегустација на сирења: 11:00 ч. (сирење, јогурт,салата, домашен леб) 2. Возбудлива планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Салтаница- Чаушица – Смрдливи Вирови – Галичник)Приближно 5 часаПоаѓање: 9:30 ч.Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, ) 3. Адреналинска планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Говедарник- Тропешкарупа - Чаушица – Галичник, круг околу врвот Меденица)Приближно 6 часаПоаѓање: 9:30 ч.Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб )* Без разлика за кои тури ќе се одлучите, јангнешко припремено на традиционален начин е секогаш достапно со однапред резервација. • Хотелското сместување е секогаш достапно во Хотел НЕДА . Без разлика дали сакате да ни се придружите на еден час или пак да одберете некоја од турите кои се овде понудени, ние секогаш можеме да ви понудиме опции кои ви се вам соодветни. На нашите тури јаваме Балкански планински коњи: питоми селски коњи, мали но особено издржливи и сигурни за планински терен. Организираме тури за сите нивоа на јавачи од почетници до напредни јавачи. Инструкторите за јавање се обучени за својата работа и слободно консултирајте ги. Овие тури се одлични за групни и фамилијарни одмори, но секако се и добар начин да запознаете отворени и дружељубиви луѓе со авантуристички дух и љубов кон природата. Листа на опрема: • Удобни чевли; • Соодветна облека за планински временски услови; • Крема за заштита од сонце; КОЊИЧКИ КЛУБ БИСТРА-ГАЛИЧНИК +389 77 648 [email protected] ................................................................................................

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

Искуси ја Бистра на коњ

Вистинско уживање додека се јава низ планинска идила близу селото Галичник на коњи кои одлично соработуваат и со почетниците, а притоа се впиваат прекрасните миризби, глетките на пасиштата, трлата со овци, пријатното ветре и...