Fitness Studio Energy

Македонија, Прилеп

Инфо

Работно време од пон-пет од 09:30 до 22:00 Сабота од 09:30 до 21:00 Тел. 048 42 35 35, 070 208 102, 075 208 102, 070 208 242 Фитнес Студио Енерџи – Прилеп работи беспрекорно од 2002 година и може со право да се каже дека уште од самиот почеток е најопремен и најсовремен фитнес центар во Прилеп. Започнавме со полн капацитет, а така сме и до денес благодарение на нашите кленти кои ни останаа верни во користењето на нашите услуги. Фитнес Студио Енерџи нуди повеќе видови на услуги и тоа: фитнес и бодибилдинг, аеробик, пилатес, финска сауна Harvia, Hapro – солариум, апарат за слабеење со електростимулација Vekom, релаксациона и антицелулитна масажа и врши продажба на сите видови на суплементи.Во фитнес и бодибилдинг просторот спаѓаат сите фитнес и бодибилдинг справи, сите професионални кардио справи (велосипеди, орбитрек справи, степери, ленти за трчање и симулатор за веслање). За аеробик и пилатес, студиото располага со посебен простор опремен со сета потребна опрема за изведување на часовите за кои термини се договараат во студиото према потребите на групата. Сите овие услуги како и спортските активности се поткрепени со инструкции на стручни високообразовани лица кои целосно ќе Ве упатат и ќе ја постигнете посакуваната цел.Покрај услугите кои претходно беа наведени мора да се каже дека се располага со туш кабини, гардероби и гардеробни ормарчиња. Фитнес Студио Енерџи отсекогаш нудел и ќе ја нуди пријатната атмосфера за вежбање заедно со инструкторите кои се секогаш топло расположени за одговор на секое Ваше прашање. Фитнес Студиото исто така располага со неколку ТВ – приемници, кабелска телевизија, безжичен интернет и пријатна стимулирачка музика за вежбање.Лоцирани сме во центарот на Прилеп во близина на познатата “Шарена Чешма” на ул. Киро Пајмакоски бр. 16а. Работното време е секој ден од понеделник до петок со почеток во 09:30 часот до 22:00 часот, а во сабота од 09:30 часот до 21:00 часот. Недела ја оставаме за одмор и слободни активности. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

Energy Day по втор пат

14 Јуни – ден исполнет со позитивна енергија

По втор пат во Прилеп се одржа Energy Day  на кој беа презентирани неколку групни физички активности како Тае Бо, Зумба, Зумба за деца, Бут камп и дел од боречките вештини. 

FIBO - EXPO

Ветен збор, го посетивме ФИБО

Како што беше најавено во Април оваа година во Келн се одржуваше најголемиот и најпосетениот саем од светот на фитнесот, бодибилдингот, спа, велнес, суплементација како и...

Прилеп вежбаше на Energy Day

За прв пат во Прилеп беше одржан настан од ваков тип, на кој без пардон може да се каже дека имаше одлична заинтересираност од страна на граѓаните на Прилеп кои ја дадоа нивната поддршка...