FFM Detska fudbalska liga-Jugozapad

Македонија, Охрид

Инфо

ФФМ - Детска фудбалска лига - Југозападен регион http://dfl-jzr.weebly.com/ За лигата Фудбалската игра од секогаш привлекувала голем број на деца активно да се занимаваат со овој спорт. Потребата од организирана форма на натпреварување ја мотивира ФФМ да ги координира сите фудбалски школи во еден лигашки систем на натпреварување. Ваквиот систем претставува и обврска на сите сериозни фудбалски школи да го подигнат нивото на работа и да го прифатат учеството во натпреварувањето во духот на ФЕР ПЛЕЈОТ со цел да ја зголемат мотивацијата кај младите да играат фудбал и ќе помогне висински да го засакаат спортот.Начинот на организирање е таков што се формираат посебни лиги за одредени региони од каде се добиваат регионалните шампиони. Победниците на регионите подоцна играат завршен турнир во кој се добиваат шампионите на Македонија во одредена категорија.Фудбалски школи што дејствуваат на територијата на Охрид, Струга, Дебар и Кичево се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување под капата на ФФМ во детската фудбалска лига - Југозападен регионСпортските резултати во ова натпреварување не се најважни, а цел на натпреварувањето е на децата да им се исполни желбата за фудбалско натпреварување што согласно фудбалските методологии претставува дел од тренажниот процес. Целта е да од ова натпреварување излезат нови генерации, кои првенствено ќе ги красат добри човечки особини, а потоа и спортска успешност. Моменталниот спортски учинок е ирелевантен доколку не се постапува СТРУЧНО и ПЕДАГОШКИ со секое дете, а секој притисок врз децата и злоупотреба на децата, родителите и натпреварувањето може само да одрази трајни негативни последици како на децата така и на сите останати учесници во натпреварувањето. Обврска на сите актери во ДЕТСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА е да се однесуваат чесно и во согласност со највисоките морални и етички норми. Пријава на учествоУчество може да пријават сите фудбалски школи и екипи од југозападниот регион што учествуваат во ФФМ Детската фудбалска лига – југозападен регион.Пријавата на екипите мора да се изврши најдоцна 15 дена до почетокот на натпреварувањето, а пријавите на играчите најдоцна до почетокот на натпреварувањето (доставени формулари).Формуларот за пријава може да се симне на нашата интернет страна и да се прати на следната електронска пошта: [email protected] Бројот на играчи по пријава не е ограничен. За секој играч се изготвува легитимација која е задолжителна за натпреварувањата. Натпреварувачката легитимација е траен документ и важи до истекот на старосната граница.За играчите кои се пријавуваат по прв пат и се регистрираат за било кое натпреварување потребно е да достават: пополнета и заверена пријава, копија на извод на родените, 2 фотографии(формат за лична карта), копија на ученичка книшка или пасош и задолжително направен лекарски преглед. Задолжително да се впише ЕМБГ во назначените полиња на формуларот.За играчите кои веќе поседуваат легитимација од ФФМ, потребно е да извршат пријавување - лиценцирање за претстојната сезона со назнака на бројот на легитимацијата која играчот ја поседува и лекарски преглед. Задолжително да се впише ЕМБГ во назначените полиња на формуларот.За играчите кои поседуваат книшка од ФФМ, а го промениле клубот во текот на паузата не се поднесува комплетна документација туку само 1 фотографија и пополнет формулар на кој е запишан бројот на постоечката легитимација, името на претходниот клуб, името на клубот во кој играчот преминува и лекарски преглед. Задолжително да се впише ЕМБГ во назначените полиња на формуларот.За играчите кои поседуваат легитимации од надлежните фудбалски сојузи неопходно е да достават пријава и една фотографија. Задолжително да се впише ЕМБГ во назначените полиња. Во годината кога играчот полни 10 години клубот е должен да изврши регистрација кај надлежниот фудбалски сојуз доколку ги исполнува пропишаните услови.Доколку играчот на еден клуб игра и за постари категории на својот клуб во натпреварувањето, неопходно е да се изврши негово лиценцирање посебно за секоја категорија на лигата). Задолжително да се впише ЕМБГ во назначените полиња од формуларот.Ново е тоа што ФФМ во координација со координаторите на Детската лига, и Општинските фудбалски сојузи прави напор сите фудбалски клубови да бидат регистрирани во Комет системот. За таа цел се водат преговори, цената на регстрација да биде значително намалена со што би се стимулирале клубовите да направат таков чекор. Користа за секој клуб е тоа што нивните играчи ќе имаат правно регулиран статус во ФФМ и УЕФА. Според тоа за оваа натпреварувачка сезона во прв план ќе биде да се настапи со тие фудбалски легитимации.Напомена: При поднесување на пријавите документацијата мора да биде комплетна, во спротивно играчот нема да се регистрира и да има право на настап.Право за настап имаат играчите со направен спортски лекарски преглед и за тоа одговара клубот за кој играчот настапува. Важност на лекарскиот преглед е 4 месеци, а во случај на било каква незгода која е последица на неадекватно и неажурно следење на здравствената состојба на спортистот организаторот не сноси никаква одговорност, туку одговорноста ја сноси клубот за кој играчот настапува. Организаторот обезбедува здравствена служба која ќе дежура, а во случај на потреба ќе пружи здравствена помош во текот на сите официјални натпревари.Бројот на пријавени играчи може да се зголеми со дополнителна пријава на играчите. Пријавата на новиот играч се врши 15 дена пред одигрување на следниот натпревар со доставување на потребната документација за регистрација.КатегорииНа купот ќе може да се пријават следните генерации со фудбалери родени во следните години: 1999/2000 (играчи родени 1999 и 2000) 2001 (играчи родени 1999 и 2002) 2002 (играчи родени 1999 и 2003) 2003 (играчи родени 1999 и 2004) 2004 (играчи родени 1999 и 2005) 2005 (играчи родени 1999, 2006 и 2007)Право за настап имаат и девојчиња кои можат да бидат постари за една година од категоријата во која ќе настапуваат. Во секоја категорија можат да настапуваат помлади играчи според погоре наведеното но во зависност од категоријата максимум 2 години помлади од категоријата во која настапуваат.Списокот на пријавени екипи за сезоната 2013/2014 во секоја од категориите може да се види ТУКАПропозицииПравила на натпреварување се во согласност со правилниците на ФФМ за Детските фудбалски лиги. Системот на натпреварување се утврдува според бројот на пријавени екипи.ОСНОВНИ ПРОПОЗИЦИИГенерацијаБрој на играчиДимензии на теренВреметраење на натпревар 1999/200010+1 (18)7 измени105м х 60мСтанд. голови2х25 мин. 2001, 2002, 20037+1 (15)неограничен50м х 34м5м х 2м голови2х20 мин. 2004, 20055+1 (15)неограничен40м х 20м3м х 2м голови3х10 мин.НОВО ПРАВИЛО: Од оваа сезона во генерацијата 1999/2000 ќе се применува правилото: Три корнери - скратен корнерВо зависност од бројот на пријавени екипи во секоја од генерациите, ќе се одредии форматот на натпреварување. Доколу имам многу мал број на екипи во чисти генерации, неминовно ќе биде спојување на 2 генерации во една. На пример: доколку имаме 4 екипи од 2001 генерација, и 4 екипи во 2002 генерација, во тој случај се прави една лига за овие 2 генерации при што на завршниот турнир играат во своите чисти генерации, односно се прави завршен турнир за 2001 каде учествуваат само екипи од 2001 генерација, и завршен турнир за 2002 генерација каде што играат само играчи од 2002 генерација. Во зависност од бројот на екипите ќе се дефинира и моделот на натпреварување, односно дали ќе се игра двокружно или трокружно. Во сезоната 2013/14 форматот на натпреварување е следен: 1999/2000 / 8 екипи / 14 кола - 2 кружно 2001 / 9 екипи / 18 кола - 2 кружно 2002 / 5 екипи / 15 кола - 3 кружно 2003 / 6 екипи / 14 кола - 2 кружно 2004 / 7 екипи / 14 кола - 2 кружно 2005 / 4 екипи / 12 кола - 4 кружноРаспоредот на натпревари се утврди според однапред утврдена шема и на јавно ждребање. Ждребањето се изврши во СРЦ „Билјанини извори“ на 19,09.2013 година.Секое коло ќе се игра во два дена за време на викенд (сабота и недела).Ќе се игра по турнирски систем и за секое коло ќе биде одреден домаќин на турнирот. Домаќинот на турнирот треба да обезбеди и терен на кој ќе се играат натпреварите. Според досегашните искуства од претходната сезона, најголем дел од натпреварите ќе се играат на стадионите во Охрид. Дел од натпреварите би се играле во Струга, Кичево и Дебар.Бодување и табели се вршат и се објавуваат единствено за генерациите 1999 и 2000 и тоа на интернет страната на лигата: www.dfl-jzr.weebly.com. За сите други генерации ќе се објавуваат единствено резултатите од натпреварите, додека табелите ќе се прават единствено за интерна употреба без да се објавуваат.Н А Г Р А Д И ПРИЗНАНИЈА за најдобрите екипи во секоја категорија и право на учество на завршниот турнир БЛАГОДАРНИЦИ за сите фудбалски школи што ќе пријават екипа ФФМ е одговорна за целокупната организација на завршниот турнир со сите неопходни аспекти. За екипите пласирани од 1во до 4то место ФФМ обезбедува пехари и дипломи за сите членови од екипата но не повеќе од 20. Покрај тоа, ФФМ обезбедува пехари и за најдобрите стрелци и голмани во секоја од вклучените генерации.СУДИИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦАНатпреварите ќе ги судат лиценцирани судии од ФФМ - 4 судии (по 2 секој натпреварувачки ден).Во текот на секое коло ќе има надзор од медицинско лице - 2 доктори (по 1 за секој натпреварувачки ден).На секој натпревар ќе има делегат - записничар - 3 лица за секое коло (2 првиот ден, а 1 вториот натпреварувачки ден).Натпреварите од секое коло ќе ги следи координатор.Секое коло ќе биде документирано со слики и видеа за што ќе се ангажира професионално лице за снимање и сликање.ПР менаџер за односи со медиуми и комуникација со јавност.Администратор на лигата задолжен за регистрација на резултати, евиденција на бодови и табели и објава на службена страница. КОТИЗАЦИЈАФудбалските школи ќе плаќаат котизација од 400 денари секое коло за секоја екипа што ќе се натпреварува. Средствата ќе бидат искористени исклучиво за организирање на натпреварите од лигата и покривање на трошоците за службените лица во насока на нејзино непречено функционирање.

Контакт

Локација

Фотографии

Објави

ФФМ - Детска фудбалска лига - Југозападен регион

Детска фудбалска лига 2013 / 2014 – Четврто коло

ЧЕТВРТО КОЛО - ФФМ Детска фудбалска лига - Југозападен регион - Стадион Помошен терен СРЦ Билјанини извори; Фудбалски терен Грашница

југо-запад

Прво коло – ФФМ Детска фудбалска Лига (видео)

Првото коло од ФФМ Детска фудбалска Лига се одржа на главниот терен од СЦ Билјанини извори - Охрид на 7-ми април 2013 година. На овој настан учество земаа школи од Охрид, Струга и Дебар...