Kineticus Sport medicine

Македонија, Скопје

Инфо

Кога се формиравме? Идејата за Kineticus има историја подолга од две години. Таа постоеше, се развиваше, се дополнуваше и конечно почна да се реализира во летото 2008 година. Ние сме веќе со вас од септември 2008 година.Што работиме?Ние веќе ги реализираме новата идеја и поставеноста на спортската медицина во Европската Унија и во светот - планирана и дозирана физичка активност во превенција и менаџмент на голем број заболувања.Рекреативците, аматерите и професионалните спортисти се наша секојдневна грижа. Ја контролираме нивната здравствена состојба и ја проценуваме адаптацијата на нивните органски системи на физичките оптоварувања. Ја проценуваме нивната физичка подготвеност и го следиме нивниот тренажен процес со најсовремена технологија. Се грижиме за тоа што, колку и кога јадат. Со правилна исхрана и со додатоци на исхраната учествуваме во нивниот поквалитетен живот, подобра спортска изведба и постигнување врвни резултати.Ги едуцираме нив, луѓето што се грижат за нивното здравје и оние што се вклучени во нивните тренажни процеси за тоа како да се превенираат спортските повреди, а доколку се случат, ние сме тука комплетно да ги менаџираме до нивното повторно враќање на спортскиот терен.Го градиме нашиот бренд „БИДИ ПОДВИЖЕН - BE KINETICUS“, со што нудиме пакети програми за рекреативци и за оние што сакаат да ги регулираат својата телесна маса и состав. За време на неговото реализирање ние сме со вас во вашето вежбање и исхрана.За кого постоиме?За сите вас, машки и женски, деца и возрасни, рекреативци и спортисти, за сите оние што сакаат да чекорат напред, да бидат дел од филозофијата да се биде подвижен на физички, ментален и духовен план. БИДИ ПОДВИЖЕН - BE KINETICUS

Контакт

[email protected]

2 3 101 201

Локација

Фотографии

Објави

Користникот нема објави