Athletic Club Bezbednost

Македонија, Скопје

Инфо

Атлетски Клуб Безбедност – Скопје е основан во 2009 година. Негови основачи се Александар Кираџиев, Томе Попчевалиев и Весна Кираџиева – сите активни членови на клубот и репрезентативци во Македонската Атлетска Репрезентација. Во своите редови има и младински прваци и репрезентативци. Нашите атлетичари земаат активно учество во сите атлетски дисциплини: натпреварите на стаза; кросеви; улични трки (полумаратони и маратони) и планинско трчање.АК Безбедност е отворен за соработка со сите заинтересирани за атлетиката и спортот воопшто. Нудиме тернинг програми за сите возрасти, за професионални спортисти и рекреативци кои сакаат да бидат физички активни и кондиционо подготвени.Во зависност од Вашите потреби, имаме подготвено флексибилна програма која е достапна за секој кој има желба да се занимава со овој спорт, како професионално, така и рекреативно. Од тие причини, Ви нудиме две опции, а Ваше е да одлучите која е поприфатлива за Вас.Со првата опција Ви нудиме работа со личен професионален тренер три пати неделно. Тренинзите се одвиваат на кеј, на Градски стадион (Арена Филип II) или во Градски Парк (во зависност од тренингот). Месечна котизација е 700 денари.За групи од 5 и повеќе луѓе и за семејства, нудиме специјален попуст од по 500 денари од член.Со втора опција Ви нудиме тренинг програма (консултации) од професионален тренер, консултации за исхрана, редовни известувања за трки и сл., за годишна чланарина е 50 евра.Кој и да е Вашиот избор, секој член добива clima cool маичка со клубското лого и неделен термин на базен Карпош.Тренер во клубот е Весна Кираџиева, долгогогишна репрезентативка на Македонија, Државен првак во неколку дисциплини, поранешен рекордер на 10 000м. и Државен рекордер во полумаратон. Иако сеуште млад тренер, таа има покажано успех со малдинците од Клубот со тоа што некои од нив веќе се дел од Македонската Атлетска Репрезентација и прваци во своите категории.Доколку сте заинтересирани или имате било какви прашања, слободно контактирајте не на:e-mail: akbezbednost@yahoo.comtel. 075 518 063 – Весна Кираџиеваhttp://endurancemkd.wordpress.com/

Контакт

vesna.kiradjieva@gmail.com

Локација

Фотографии

Објави

Користникот нема објави