ÖTILLÖ – Speechless

Оваа трка во комбинирано пливање и трчање која се одржува помеѓу гратчињата Сандхамн и Уто на одделни острови во стокхолмскиот архипелаг на Балтичкото море е со должина од 75 километри од кои 10 се пливаат на отворено море а 65 се планинско трчање. Тимовите се секогаш составени од двајца кои мораат да ги изминат 24-те мали острови помеѓу стартот и финишот со севкупна бројка од 46 транзиции за еден ден. ÖTILLÖ е ранкиран како една од најтешките трки во светски рамки.

Практично „Пливај-Трчај” концептот претставува спортски дериват на дуатлонот и триатлонот кој комбинира пливање и трчање но во малку поотворен и самоодржлив формат. Всушност, тоа претставува спорт на отворено кој може да се практикува во било кои предели каде има водени површини погодни за пливање и патеки за трчање кое најчесто е вон асфалтираните патишта.

Читајте повеќе ТУКА.