Приклучи се на Фит Камп

Супер што си тука! Ти честитамe на одлуката да започнеш со физичка активност, односно да го подобриш својот изглед (ако може подобро од сегашниот :-)) и својата општа состојба.

<ПРИКЛУЧИ СЕ И ТИ ТУКА>

Што е всушност ФИТ КАМП?

Тоа е еден глобален проект за здрав и активен животен стил со стратегија да секој учесник во истиот дојде до својот посакуван резултат со своето тело и здравје. Овој проект трае 90 дена и ова е период во кој заедно ќе ги оствариме посакуваните цели. (за жал преку ноќ чуда не биваат)

Што добиваш со ФИТ КАМП?

Секој кој ќе се согласи да учествува во овој проект ќе добие ваучер со 8 тренинзи бесплатно. Тренинзите се одржуваат секоја среда и сабота, од 18:30 до 20:00ч. во салата на машински факултет – Карпош 1.

Со пријавувањето исто така добивате комплетна анализа на вашето тело од која ќе ја дознаете моменталната состојба за:

Килограми.

Процент на мускули: колку од нашите килограми се мускули.

Процент на поткожни масти: колку од нашите кг. се масти.

Висцерални масти: тоа се мастите кои се наоѓаат помеѓу нашите витални органи и имаат одредена функција, но тие треба да бидат во одреден процент, зголемувањето на висцералните маснотии од 1% го зголемува ризикот од покачен крвен притисок, кардиоваскуларни  заболувања и дијабетес тип 2. Со намалување на процентот на масни наслаги се стабилизира делувањето на инсулинот и општо се редуцираат заболувањата во организмот.

Базален метаболизам: енергијата што ја троши телото кога мируваме за одржување на температурата и на клеточните процеси и е неопходна за организмот да  функционира се вика базален метаболизам.

Протеински внес: колку грама протеин дневно ни се потребни.

Процент на вода: количина на вода која ни е потребна дневно.

Процент на коски: колку од нашите килограми отпаѓа на коските.

Метаболичка возраст: Размена на материите се намалува кога ќе наполниме 16-17 г. Метаболичката возраст покажува на кое ниво се наоѓа нашиот метаболизам во моментот. Всушност таа ни кажува колку е стар нашиот организам.

Зошто е важна метаболичката возраст?

Ако е повисока од биолошката возраст, тоа значи дека треба да се зголеми размената на материи во телото.

Тоа се постигнува со зголемување на физичките активности и со подобрена исхрана преку додатоци во исхраната. Пред сè со зголемен внес на растителни протеини за да изградиме чиста мускулна маса која согорува повеќе калории, а на тој начин се намалува метаболичката возраст. Таа треба да е пониска од фактичката возраст и да не е поголема од 40 години.

Зошто е важно да се знаат и подобрат вредностите на телото?

Нашето тело е единственото место во кое мора да живееме и треба да бидеме свесни во каква состојба е истото. Позитивната вест е дека не е важно во каква состојба е сега, туку во каква може да го доведеме а тоа е НАЈДОБРАТА можна.

Лично гарантирамe три работи! ☺

1. ЗАБАВА

Секој од нас е задолжен да го понесе својот ентузијазам, шеги, насмевка и позитивна енергија. Иако овие тренинзи се програмски осмислени сепак сегментот на забава е високо застапен и со цел да креираме средина за секој да се чуствува убаво кога ќе дојде да вежба.

2. МНОГУ потење

Ќе бидеме искрени кажувајќи дека вежбите на овие тренинзи се направени за да го “раздрмаат“ нашето тело и да се почуствуваме живи. Секој од нас веќе работи во седната положба во текот на денот и телото знае да се деформира поради тоа. АЈДЕ ДА ГО СПРЕЧИМЕ ТОЈ ТРЕНД. Придружи ни се уште денес преку кратката форма најдолу.

3. ЕДУКАЦИЈА за поздрав животен стил.

Ова е третата компонента која е застапена во голема мера. Сите кои што за прв пат доаѓаат на овие тренинзи реагираат позитивно на знаењето/начините/триковите што ги споделуваат тренерите за здрава исхрана и водење на здрав живот. Сите сме пријатели во ФИТ КАМП и се подржуваме максимално и во другите 5 дена – не само за време на тренингот. Затоа оваа едукација е многу важна т.е. да знаеме сите како да го третираме нашето тело и организам постојано.

БОНУС БЕНЕФИТ

Заедница и ЧУВСТВО на припадност.

Скоро сите што доаѓаат велат нешто слично на: “Немаше шанси да вежбам доколку немаше вака организирано!“ или пак: “Претходно другарките цело време беа зафатени и затоа не вежбав…сега веќе има со кого…“. Средината е таа која што го дефинра човекот и затоа како индивидуалци ни е потешко да постигнеме резултати. Да бидеш дел од ФИТ КАМП означува да имаш поддршка и споделување на идеи за како побрзо и ефикасно да стигнеме до промената.

<ПРИКЛУЧИ СЕ И ТИ ТУКА>