Тренингче со згодните Powerhouse Pilates девојки

Кога преку Ирина Митевска се информиравме дека Powerhouse Pilates е на македонската фит сцена уште од 2002 па башка и дека сè уште функционираат турбо на две скопски локации водени од неколку фантастични инструкторки и еден инструктор, немавме потреба од дополнителни убедувања..

Првото специјализирано пилатес студио во Македонија Powerhouse Pilates by Ирина Митевскa постои долги години на македонската фитнес сцена и со тоа има важно влијание врз пилатесот во нашата држава.

Во студиото, покрај пилатес сесиите кои можете да ги практикувате со инструкторките Ирина, Ивана, Мартина, Моника, и Јована, а доколку сте повеќе за P90X или функционални тренинзи, тука е Марко.

Условите се на врвно ниво, со сите пилатес реквизити, а инструкторите во Powerhouse Pilates се стручни во својата област, некои од нив балерини по касичен балет кои постојано се усовршуваат и едуцураат во артикулацијата на овој строг режим на вежби.

Методите на работа на инструкторките секогаш ставаат акцент на креацијата и кореографијата на движењата кои секој час се различни и се` повеќе се предизвик, отколку тежина за телото и духот.

Инструктори:

  • Ирина Митевска – мастер пилатес инструктор – професионална балерина по класичен балет
  • Ивана Каратукова – супервизор & пилатес инструктор – професионална балерина по класичен балет
  • Јована Мицевска – пилатес инструктор – со искуство по класичен балет и карате
  • Мартина Мицевска – пилатес инструктор – првак на Македонија во триатлон
  • Моника Спасова – пилатес инструктор – првак во македонија во пливање и олимписки кандидат
  • Марко Секуловски – дипл. проф. на Факулетот за физичка култура, каратист

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија